04:46 - 29 ноември, 2026

Меланија двапати го одби обидот на Трамп да ја фати за рака: Првата дама, иако лута, никогаш подобро не изгледала! (ФОТО)

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија се вратија во Вашингтон, а додека се симнуваа од претседателскиот авион, првата дама на САД двапати го отфрли обидот на Трамп да ја фати за рака.

Според американските портали и видеата на социјалните мрежи, Трамп се обиде двапати да ја фати за рака додека се симнуваа по скалите од авионот, а таа го одби.

Дури кога почнаа да одат по пистата, Трамп некако успеа да ја фати за рака.

Првата дама и претходно ги одбиваше обидите на Трамп да ја држи за раката, а таа многу често во јавноста се однесува ладно кон него. Овој пат со нив беше и нивниот син Барон.

Фото: Профимедиа

За оваа пригода, Меланија носеше кошула – фустан во потемна крембоја, додека за деталите како што се ременот, чевлите и торбата избра кафена боја. Широкиот појас ја нагласи нејзината тесна половина, додека чевлите на Кристијан Лобутин ја издолжија нејзината веќе витка фигура. Торбата што во оваа пригода ја носеше првата дама е познатата торба „Кели Хермес“, торба чија цена достигнува и до неколку илјади евра.

Фото: Профимедиа

Како ви се допаѓа стајлингот на првата дама ?

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....