9.8 C
Скопје
21:08 - 3 ноември, 2024

Холивудските актери откриваат детали од снимањето на секс сцените – Оливија Колман: Ставам воден сунгер помеѓу нозете

Холивудските актери користат најразлични методи за да го направат снимањата на секс-сцените, што е можно попријатно. За дел од нив, некои актери јавно проговорија.

Имено, токму снимањето на секс-сцените, скоро секогаш носи доза на непријатност, а актерите прават сé за да се опуштат и да делуваат природно на еротски сцени.

Филмот „ 50 нијанси сиво“ е полн со експлицитни секс-сцени, а главниот актер Џејми Дорнан откри како се „заштитил“ за време на снимањето за да не се видат неговите интимни делови.

  • Вашите интимни делови се непроменети ако ги заштитите и ги ставите во ќеса со месо-боја. Сè ставам внатре и го прицврстувам. Тоа е многу чудна работа што ја правите секој ден – изјавил Џејми.

Храброст се бара и во алкохолот

Мајкл Фасбендер пак, со години пробувал неколку различни методи околу тоа како да ја намали непријатноста која ја чувствувал додека снимал еротски сцени. Имено, снимајќи ги сцените со Кира Најтли во филмот „Опасен метод“, парот барал храброст и самодоверба во алкохолот.

  • И двајцата бевме многу нервозни за тие сцени,бидејќи навистина не е пријатно. Фасбендер е апсолутно прекрасен – пиевме неколку голтки вотка пред да ја снимаме сцената и неколку чаши шампањ после тоа -раскажала Кира.

Покрај тоа, според нејзините раскажувања, Мајкл сметал дека најдобар начин за опуштање е да се кажуваат шеги и на тој начин да се постигне порелаксирана атмосвера.

  • Кажувате шеги и се обидувате да ги направите работите што е можно поопуштено, бидејќи да бидеме искрени, сакате да влезете внатре и веднаш да започнете да снимате вакви сцени за да завршите што е можно поскоро – објаснил Мајкл.

Координатор за интимност

Неодамна, продуцентите на серијата „Нормални луѓе“ ангажирале  таканаречен координатор за интимност, за да им помогне на Дејзи Едгар-Џоунс и Пол Мескал за време на снимањето на нивните сцени под јорганите.

  • Се работеше за создавање вистинско пријателство со Пол, за да можеме да си веруваме едни на други – рече Дејзи.

Оригинална идеја

Добитничката на Оскар, Оливија Колман, пак користела необична „бариера“ помеѓу нозете за време на интимните сцени во филмот „Миленичка“.

  • За да избегнете нешто што не би сакале, бидејќи се снима под чаршафи … ја прашав шминкерката дали ќе ми позајми сунѓери. Го навлажнив со вода и го ставам меѓу нозете. Мислев дека така сé ќе биди добро – рекла Оливија.

Скокање на топка за пилатес

Кејт Винслет пак имала уште пооригинален начин на снимање на сцените со секс. Таа наместо врз нејзиниот партнер, скокала врз пилатес топка додека ги снимала секс сцените во филмот „Романса и цигари“.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....