Речиси и да не постои некој што не го изгледал или барем не чул за филмот „Казабланка“ од 1942 година. Но малкумина знаат дека снимањата на овој филм не биле ни малку лесни и едноставни. Филмските работници коишто биле вклучени постојано свеочеле на лоши сцени, а книгата „Секогаш ќе ја имаме Казабланка“ од филмскиот историчар Ноа Исенберг открива детали од тоа време.
Актерот Хамфри Богарт доминирал на сетот на секој филм во кој глумел, раскажувале филмските работници, негови соработници. Исклучок за неговото однесување не бил ни култниот филм „Казабланка“. Таа динамика овде била уште поизразена поради воздржаноста на актерот и неговата значителна нетрпеливост кон партнерката Ингрид Бергман.
Ако внимателно погледнете одредени делови од „Казабланка“, ќе го забележите тоа ладно однесување и продорен поглед. Богарт постојано се обидувал да ја потисне Ингрид во втор план и да го засени нејзиното присуство – а со тоа и нејзината сексуалност. Тој често ја игнорирал убавата Ингрид сè до моментот на снимањето, а тоа нејзе многу ѝ пречело.
Разочараната Ингрид се борела со неговата ароганција и правејќи го тоа, несвесно ја одиграла една од најдобрите женски изведби на сите времиња. На крајот, нејзините солзи во очите станаа заштитен знак на филмот.
Богарт ѝ „помогнал“ во овој поглед и надвор од снимањето; тој целосно ја игнорирал – речиси до точка на презир.
Филмскиот историчар Ноа Ајзенберг открива сеќавања на непријатните сцени и напнатата атмосфера околу снимањето на она што стана еден од најзначајните филмови во историјата на киното во својата книга „Секогаш ќе ја имаме Казабланка“.
Филмот премиерно беше прикажан во 1942 година. Дотогаш, Богарт веќе беше светски познат по играњето гангстери и приватни детективки, па улогата на романтичен срцекршач беше нешто сосема ново за него. Ингрид Бергман, од друга страна, штотуку пристигна од Шведска со амбиција да го освои Холивуд, вели Ноа.
„Казабланка ѝ даде можност целосно да ја покаже својата софистицирана европска привлечност – квалитет дефиниран со чувство на воздржаност, срамежливост и резервираност“, пишува Ноа Исенберг, како што објави „Винтиџ њуз“(Vintage News).
Филмот изобилува со култни реченици како „Секогаш ќе го имаме Париз“, „Во твоите очи, малечка“ и „Свири го тоа, Сем“, но и покрај магијата на екранот, продукцијата била вистински кошмар поради непријатното однесување на Богарт.
Кога камерите ќе престанеле да снимаат, Бергман се обидувала да воспостави контакт со Богарт. Бројните покани од младата шведска актерка за вечера или за неформално дружење биле ладно одбивани.
„Богарт се затворал во својата приколка, се опивал до бесвест и играл шах сам против себе“, раскажува Ајзенберг.
Иронично, Богарт подоцна признал дека токму „Казабланка“ бил филмот што ги „лансирала него и Ингрид до холивудска слава“.
„Богарт еднаш рече дека магијата се случила во моментот кога Ингрид го бакнала за првпат. Тоа било онаа ’самовилска прашина’ што го претворила во романтичен миленик на публиката“, истакнува историчарот.
Ајзенберг напоменува дека денес го разбира однесувањето на Богарт.
„Тој во тоа време минувал низ тежок период со својата сопруга, актерката Мејо Метот, а присутно било и многу гнев, поттикнат од големи количини џин и виски“, заклучува тој.
Никој не очекуваше „Казабланка“ да стане култен класик. За време на Втората светска војна, Холивуд создаде десетици слични романтични приказни, и покрај познатите актери вклучени, поголемиот дел од екипата не очекуваше ништо повеќе од просечен филм.
Дополнителен проблем беше што се брзаше со премиерата на филмот за да се искористи популарноста на вистинската инвазија на сојузниците во Северна Африка, која се случи само неколку недели пред премиерата во 1942 година.
„Казабланка“ доби млак прием во кината, но сè се промени неколку месеци подоцна кога беа објавени номинациите за Оскар. На крајот, филмот освои три статуетки, вклучувајќи ја и наградата за најдобар филм.
Неговите ликови, дијалог и музика постигнаа легендарен статус, а популарноста на филмот само растеше со текот на децениите. Денес,„Казабланка“ се смета за кинематографска класика и се рангира меѓу 250-те најдобри филмови на сите времиња на IMDb.
View this post on Instagram
