08:52 - 31 октомври, 2026

Ана Петан се врати со награда од Црна Гора – во дует со поранешната членка на „Фрајле“

Извонредната пејачка Ана Петановска позната како Ана Петан, настапи на годинашното трето издание на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват, Црна Гора.  Таа се претстави во дует со Наташа Михајловиќ, поранешна членка на популарната регионална група „Фрајле“. Тие направија вистински бум на сцената  со композицијата „Под ногама“, од која се очекува да биде голем хит ова лето.

Не случајно не заминаа со празни раце и се закитија со наградата најдобар дует.

Двете девојќи се појавија на сцената во впечатливи изданија од глава до пети во црвена боја и доминираа на манифестацијата.

 

Песната ја создал одличен тим од врвни професионалци. Музика на Григор Копров,  аранжманот го направил братот на Ана, Стефан, а текстот го напишал Душан Башиќ.

Ова не беше непозната сцена за нашата Ана, која и во 2024 година се појави на овој фестивал.

Петан важи за еден од најдобрите вокали на нашата сцена. Таа пред извесно време ја објави песната „Балада за ангелот“ направена од истиот горенаведен тим. Да се потсетиме на оваа убава мелодија.

 

Слични објави

Хороскоп за 31 октомври: Ракови, ќе се посветите на семејните проекти

Еспресо

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.

Слоба Радановиќ ѝ го честиташе роденденот на сопругата на полноќ: „Среќен роденден, љубов моја“

Еспресо
Се вчитува....