09:59 - 31 октомври, 2026

„Јас сум актерка со мозок“: Лидија Вукиќевиќ бунтовниот карактер ја чинел бројни улоги

Актерката Лидија Вукиќевиќ се присети на почетоците на својата кариера и призна дека нејзината искреност често скапо ја чинела, како во приватниот живот, така и на професионален план.

Како што раскажа, уште од самиот почеток сакала публиката да ја препознава по талентот, а не само по физичкиот изглед, пишува Дневни аваз.

„На почетокот ми беше најтешко. Сакав да се докажам. Во моето прво интервју реков: ‘Јас сум актерка со мозок’, бидејќи не сакав луѓето да ме доживуваат само како згодна бринета“, рекла Лидија.

Таа додала дека поради својот карактер и директност изгубила бројни улоги.

„Секогаш на луѓето им ја кажувам вистината в лице. Тоа ме чинеше и пријателства и работа. Веднаш му кажувам на режисерот што не сакам да правам“, истакнала актерката.

Открила дека поради својот став останала без улога во култната серија „Вук Караџиќ“, иако костимот за неа веќе бил подготвен.

„Ја прочитав целата литература и требаше да играм во таа серија, но на крајот не учествував затоа што реков дека тоа што го замислиле не ја оправдува улогата што ја играм“, изјавила таа.

Говорејќи за сцените со голотија, нагласила дека нема ништо против нив доколку имаат уметничко оправдување.

„Актерката треба да се соблече кога тоа го бара ликот. Но, ако целта е само да се привлече публиката и да се заработат пари, тогаш таков филм со мене не може да се прави“, порачала актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

Слични објави

Слоба Радановиќ ги прозва колегите: „Не ги пеат моите песни бидејќи им се тешки, подобро да не се мачат“

Е.А.

Хороскоп за 31 октомври: Ракови, ќе се посветите на семејните проекти

Еспресо

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.
Се вчитува....