14.8 C
Скопје
13:45 - 30 октомври, 2026

Сашенка Тодоровска сподели детали за „Солунски патрдии“, претставата за Цанде и Фатима чии реплики се знаат наизуст до ден денес

Сашенка Тодоровска, ќерката на Гоце Тодоровски кој почина на 27 јули по кусо боледување, на Фејсбук сподели детали од култната претстава „Солунски патрдии“, која имаше премиера на 13 јуни 1979 година.

Претставата се смета за една од најуспешните и најдолговечни во историјата на македонскиот театар, која имала 335 изведби на сцената на Драмски.

„Легендарната првична поставка на „Солунски патрдии“ во периодот од 1979 до 2006 година имала точно 335 изведби на сцената на Драмскиот театар во Скопје, со што официјално важи за една од најизведуваните и најпопуларни претстави во македонската театарска историја.“, сподели Сашенка.

Таа откри и дека Гоце Тодоровски ја одиграл секоја изведба на претставата до самиот крај.

„Оригиналната и култна поставка на „Солунски патрдии“ со легендарната актерска екипа се задржа на репертоарот неверојатни 27 години (истата екипа ги полнеше салите сè до средината на 2000-тите), со што претставува апсолутен рекордер и еден од најдолговечните театарски проекти во македонската историја. Некои од членовите на актерската екипа, како незаборавниот Гоце Тодоровски, во текот на целиот свој век на играње на оваа претстава ги имаат одиграно сите изведби до крај.“

„Солунски патрдии“ и денес се смета за едно од најзначајните остварувања во историјата на македонскиот театар, а ликот на Цанде, кој го толкуваше Гоце Тодоровски, останува еден од најпрепознатливите и најсаканите меѓу публиката.

Подоцна беше направена и ТВ-серија во три дела во продукција на Телевизија Скопје под режисерската палка на Коле Ангеловски, а по сценариото на Миле Попоски.
Покрај Гоце Тодоровски, главната актерска екипа ја сочинуваа: Благоја Спиркоски Џумерко, Димче Мешковски, Трајче Иваноски, Ванчо Петрушевски, Сабина Ајрула, Снежана Стамеска, Салаетин Билал, Дади Ангеловски, Марин Бабиќ, Мите Грозданов, Стево Спасовски, Тодорка Кондова Зафировска…

Слични објави

Лепа Брена за најтешкиот период во животот: „Се плашев дека нема да ги изведам децата на пат“

Е.А.

Каде да прошетате викендов? Три предлози за еднодневен излет во близина на Скопје

К.С.

Дарко Лазиќ си стави ботокс, а неговата сопруга го снимаше процесот

Е.А.

„Кога те нема“, првата песна што победи на „Макфест“ – Хелена Благне и денес со љубов се сеќава на македонската публика

Т.Ц.

Петок е, време е за дружење — три брзи закуски што ќе исчезнат од масата за миг

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.
Се вчитува....