9.8 C
Скопје
21:46 - 18 октомври, 2026

Ќе го обожавате: Подгответе си сами фокачо леб со маслинки и рузмарин (РЕЦЕПТ)

Овој неодолив фокачо леб е одличен како прилог со месо или зеленчук или како едноставна вечера со една чаша јогурт.

Потребни состојки:

За тесто:

• еден сув квасец

• прстофат шеќер

• 400 гр. брашно

• 175 мл. млеко

• 3 лажици маслиново масло

• 1 лажица сол

За фил:

• 6 лажици маслиново масло

• неколку гранчиња рузмарин

• 100 гр. црни маслинки

• крупна сол

Припрема:

1. Во подлабок сад, добро промешајте го брашното и квасецот. Потоа, додадете ги и останатите состојки и замесете меко тесто како за пица.

2. Тестото прекријте го со кујнска крпа и оставете го на собна температура околу еден час. Загрејте ја рерната на 200 степени.

3. Вака подготвеното тесто ставете го на хартија за печење, избоцкајте го со вилушка и премачкајте го со маслиновото масло.

4. Одозгора наросете со неколку гранчиња рузмарин, додадете ги исецканите маслинки и посипете со крупна сол. Лесно притиснете го тестото за да се залепат состојките, а потоа печете околу 20 минути, додека не добие златножолта боја.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....