19.8 C
Скопје
08:04 - 9 септември, 2026

Како ПЕЧЕНОТО ПИЛЕШКО секогаш да биде сочно? Избегнувајте ги овие грешки

Иако ни изгледа дека нема голема филозофија во тоа да се подготви вкусно печено пилешко, многупати месото не е сочно или е премногу тврдо.

Тоа се должи на неколку грешки кои несвесно ги правиме, бидејќи така сме гледале од постарите или од кулинарските емисии.

Најпрво, не треба да го миете пилешкото со вода, туку при термичката обработка ќе се уништат сите можни бактерии. Најдобро е да купувате свежо пилешко од месарница, а не смрзнато, бидејќи замрзнувањето го суши.

Не ја отстранувајте ниту кожата, бидејќи таа служи како природна обвивка која ги задржува во месото сите вкусни сокови. Ако сакате побогат вкус, маринирајте го пилешкото со саканите зачини и масла. Пилешките гради секогаш треба да бидат омекнати со месарски чекан.

Зачинувањето исто така е клучен момент. Премногу сол ќе ја извлече течноста, но со користење на зачински билки можете само да ја подобрите текстурата. За пилешкото месо е важно дека треба целосно да се испече, а откако е печено, најдобро е да отстои околу 20 минути, за да може да се заврши процесот на готвење.

Слични објави

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо
Се вчитува....