25.8 C
Скопје
13:45 - 8 мај, 2024

Јапонскиот милијардер доби огромна понуда – 20 илјади жени сакаат да одат со него на Месечината!

Откако јапонскиот милијардер Јусаку Маезава одлучи да објави оглас во кој бара жена за заедничко патување на Месечината, пристигнале над 20 илјади пријави.

Маезава ќе стане првиот приватен патник на компанијата „SpaceX” и ќе отпатува на Месечината. Тој сега бара партнерка која ќе му прави друштво, а на огласот одговориле дури 20 илјади жени.

Јапонецот е основач на интернет страницата „Zozotown“, а партнерството со првиот човек на „SpaceX“, Илон Маск го најави уште во 2018-та година.

Станува збор за мисија – туристичко патување на Месечината, а Маезава купил шест до осум седишта за со себе да поведе одбрани уметници. Лансирањето е планирано за 2023-та година, а како што стојат работите, едно од местата ќе биде заземено од страна на партнерката на Маезава.

НАСА исто така планира мисија на Месечината под назив „Артемис“ во која жена во 2024-та година ќе зачекори на лунарната површина.

Слични објави

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....