10.8 C
Скопје
05:26 - 25 октомври, 2026

Ќе ја почувствувате за три дена: Магичната моќ на магдоносот

Магдоносот е растение кое го користиме како зачин и одличен сојузник е во борбата против уринарните проблеми и заболувањата на бубрезите.

Но, тој има уште една магична моќ – ја ослободува акумулираната вода во телото и само за неколку дена ќе се чувствувате многу полесни.

Со чајот од магдонос само за неколку дена може да бидете полесни и до пет килограми. Не станува збор за топење на салото, туку за прочистување на организмот и ослободување од течностите поради кои често се чувствуваме подуено и потешки.

Рецептот е многу едноставен. Во 1 литар врела вода додадете пет големи лажици исечкан магдонос. Оставете да отстои околу 20-на минути, а потоа чајот може да го процедите или да го пиете заедно со магдоносот.

Подготвувајте и пијте од чајот секојдневно по литар, најмногу до една недела. Веќе после третиот ден ќе се чувствувате многу полесни.

Исфрлањето на водата од телото е многу важно. Со урината ги исфрламе и токсините и бактериите. А за магдоносот е научно докажано дека е одличен диуретик, но и силен антиоксиданс. Пиењето на чај од магдонос е препорачливо, но секако не смеете да пртерате со овој чај. Консумирањето не смее да биде повеќе од еден литар дневно.

Слични објави

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо
Се вчитува....