9.8 C
Скопје
00:53 - 18 октомври, 2026

(Видео) Запомнете го ова име, Марија Спасовска: Има „Минато“ што ветува блескава иднина

Марија Спасовска има „Минато“ што ветува блескава иднина. Имено, „Минато“ е насловот на нејзината нова песна, во која  младата македонска пејачка продолжува да го турка својот омилен стил како сопствен израз во музичкиот  правец кој најмногу и лежи. Овој пат во своевидна модерна ар ен би балада која преминува во побрз ритам, за потоа одново да заплови во помирни музички води.

Емотивна во изведбата како и во стиховите на кои како и на музиката Марија и самата е автор, само ја надополнува нејзината слика на изведувач кој покрај несомнените вокални квалитети и  впечатливата експресија во интерпретацијата, се наметнува и како се’посериозен автор. Засега само на своите песни, а во иднина која да знае… На сето тоа се надоврзал и познатиот композитор и музичар Николче Мицевски, кој со својата аранжманска бравурозност ја обоил целата мелодија, пакувајќи ја во едно модерно музичко парче кое и тоа како кореспондира со современите музички текови.

Како и за сите останати песни досега и најновата „Минато“ е визуелизирана со видеозапис, чија режија овој пат ја потпишува Горан Симјаноски/Gogorzr. Во него младата поп уметница дополнително ги искажува и своето несомнено актерско умеење, вешто преточувајќи и улогите кои моменталниот музички израз и стиховите во одреден дел од песната тоа од неа го бараат… Од љубов и среќа, до болка и очај, од блаженство до разочарување… Актерска експресија која дополнително им дава впечатливост на песната и видеото како еден своевиден аудио-видео пакет, една комплетна музичка целина.

Во сето тоа своја улога на нејзин партнер има и младиот модел Андреј Димоски, кој заедно со Марија ја водат замислената фабула во оваа музичка приказна.

Како сето тоа звучи и изгледа, проследете од видеото во продолжение.

 

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....