19.8 C
Скопје
16:39 - 20 април, 2026

ИГОР ЏАМБАЗОВ: Секој од нас си имал барем една Силвана (Арменулиќ) во својот живот…

Омилениот актер и шоумен на многу генерации, Игор Џамбазов  на својот инстаграм – профил постојано објавува фотографии и кратки видеа од неговиот приватен живот, спомени од минатото, фотографии и пораки посветени на семејството, пријателите и саканите.

Актерот на својот нов фејсбук статус го привлече вниманието на своите бројни фанови. Популарноста на филмот „Тома“ е инспирацијата за последниот статус на Џамбазов. Како што вели легендата, без Силвана Арменулиќ немаше да го има Тома Здравковиќ. Силвана беше таа што го препознала неговиот талент, а подоцна го отпеа нејзиниот голем хит „Šta će mi život bez tebe, dragi”, кој Тома го напиша за неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bioskop Abazija (@bioskopabazija)

„Секој од нас си имал барем една Силвана во својот живот…” напиша Игор во својот последен статус на својот фејсбук – профил.

Приказната за Силвана, 45 години подоцна, е повторно актуелна преку филмот посветен на пејачот Тома Здравковиќ, во која се загатнува дека двајцата биле во љубовна врска и дека Тома бил вљубен во неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @silvana.armenulicc


Популарната југословенска пејачка на народна музика Силвана Арменулиќ почина на овој ден во далечната 1976 година. Во страотната сообраќајка на патот Белград – Ниш, на враќање од концерт, загина и нејзината сестра Мирјана Барјактаревиќ која била бремена, како и виолинистот Раде Јашаревиќ, додека нејзината друга сестра Дина Бајрактаревиќ Николиќ за влакно ја избегнала смртта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @silvana.armenulicc


Според реконструкцијата на несреќата, на прав пат “фордот“ се движел со брзина од околу 150 км/час и наеднаш почнал да преминува во левата, спротивна лента од коловозот и се судрил со камион. При несреќата десната страна од фордот е целосна смачкана.


Во приватниот живот Силвана била мажена за познатиот југословенски тенисер Радмило Арменулиќ, со кого имала ќерка Гордана, која сега има 57 години.

Koja жена била Силвана Арменулиќ во животот на Џамбазов?

Слични објави

Немала пари ни за паркинг – познатата актерка откри дека Метју Меконахи е нејзин херој!

Еспресо

(Фото) Море, палми и романтика: Живкица на егзотичен одмор

Еспресо

„Сакам да ја продолжам лозата“: Саша Ковачевиќ искрено за бременоста на свршеницата и полот на бебето

Еспресо

(Фото) Ленче Кукиќ во издание во какво што не сме ја виделе досега

Еспресо

Ален Исламовиќ во 1980 година запишал Економски факултет во Сараево и никогаш повторно не го посетил

Е.А.

Сè уште не сте одбрале фустан за матура? „Прагма“ е вистинската адреса за гламур

Еспресо
Се вчитува....