30.4 C
Скопје
14:08 - 20 јуни, 2026

ВЕРУВАЊА И ТРАДИЦИИ ЗА БАДНИКОВОТО ЛЕПЧЕ: Што се става освен паричка, како се краси, како се послужува…

Во зависност од семејната традиција и областа од која доаѓате, се менуваат и рецептите за традиционалното бадниково лепче, но едно нешто е секаде исто – ова лепче е симбол за добар род на житото, односно за плодна година.

Едно од верувањата е дека бадниковото лепче треба да се прави од пченично брашно, а ако додадете други зрна во него, за вкус, зрното мора да биде целосен, додека водата што ја користите при месењето треба да биде осветена или претходно во неа да се стави шака жито. Денес се почесто лепчето се меси и со млеко.

Постои верување дека се што ќе допрете со рацете на кои има од залепеното тесто, ќе биде плодно во текот на целата година.

Декорација

Лепчето треба да се украси како што се краси славски колач, но не мора. Доколку се одлучите да го украсите, според верувањата, направете го тоа со бадникови гранчиња и лисја од елка, но доколку имате време, декорирајте го со крст направен од тесто.

instagram

Послужување

Некогаш бадниковото лепче се послужувало ставено над слама, која ја симболизира сламата на која е роден Исус и се верува дека со неа во домот доаѓа мир и божји благослов.

Постои верување дека мора да се послужат 12 видови различна посна храна и едно главно јадење. Обичајот симболично потсетува на 12те апостои кои со Исус биле на тајната вечера.

Кршење на лепчето

Она што е многу важно е сите членови на семејството треба да бидат на трпезата. Прво, сите заедно го вртат лепчето три пати, а потоа лепчето се крши и се јаде пред останата друга храна.

Членовите на семејството сите заедно може да го скршат божиќното лепче и секој да си го земе парчето што го скршило за себе. Друга опција е домаќинот да крши и да дели парчиња од лепчето на сите членови.

Секако, најсреќен е оној што ќе ја најде паричката, а таа треба да ја чува цела година на посебно место.

Што може да се стави освен паричка?

Паричката се употребува најмасовно зашто се верува дека таа носи пари и среќа, но освен паричка во лепчето може да се стави и дренка – за здравје и сила или глог – за да се избркаат слите сили.

Самото божиќно лепче има симболично значење и потсетува на ноќта кога мудреците доаѓале да се поклонат. Марија им понудила леб и оттука и обичајот да се има лепче на трпезата.

За здравје

Од Бадник па се до завршувањето на божиќните празници се верува за членовите на семејството да имаат здравје, среќа и напредок, не смеат да се караат, да зборуваат со висок тон на гласот, и сите работи треба да се обавуваат спокојно и во тишина.

Секоја домаќинка тој ден треба да купи нешто ново за куќата. Обично тоа е сад во кое се прави бадниковото лепче.

Слични објави

Болката не стивнува — таткото на починатата планинарка Калина Велевска потсети на важна приказна за неа

Еспресо

Вака Анастасија Ражнатовиќ ослабе 20 килограми — една работа е клучна, а сега ја откри тајната на својот совршен летен оброк

E.A.

„Можеби се задолжуваат и земаат кредити за да снимат песна“ – Индира Радиќ проговори за естрадата, колегите, снаата Русинка и бракот

E.A.

Дали некогаш сте пробале праски на скара или во салата? Oвие комбинации пријатно ќе ве изненадат

Т.Ц.

Имате проблем да ја исчистите туш-кабината? Пробајте го овој едноставен совет

Т.Ц.

„Мојот маж, моето сè“ — Маја Николиќ го покажа партнерот

E.A.
Се вчитува....