11.8 C
Скопје
09:15 - 20 април, 2024

АЛЕК БОЛДВИН СО ЕМОТИВНО ВИДЕО: Ќе работам на себе и состојбата на умот, нема да дозволам негативноста да влијае на мене!

Алек Болдвин (63) го одбележа почетокот на 2022 година размислувајќи за кобниот настан од снимањето на филмот „Раст“ кога случајно со пиштол ја уби снимателката Халин Хачинс. Тој настанот го нарече „најлошата ситуација“ во која се нашол.

Актерот објави скоро 13-минутно видео на својот профил на Инстаграм за Нова година, во кое директно им се обрати на следбениците и ги сподели своите надежи за следната година. Пораката проследена со видеото гласеше: „Уште една можност да се ослободиме од сè што нè боли и уништува“.

„Запознав повеќе луѓе кои беа љубезни, внимателни и дарежливи отколку луѓе кои беа злонамерни околу смртта на Халин Хачинс“, рече Болдвин, додавајќи: „Не се плашам да го кажам тоа и да го изразам со некои еуфемизми – некој умре многу трагично, но, добив голема поддршка од луѓето околу мене. Тоа е едноставно неверојатно“, рече тој.

Тој додаде: „Ова е секако најлошата ситуација во која сум се нашол и се надевам дека луѓето задолжени за истрагата на целата оваа работа ќе дојдат до вистината што е можно поскоро. Никој не ја сака вистината повеќе од мене“.

Иако добитникот на Еми призна дека не е „личност за новогодишни одлуки“, тој ги сподели и своите цели за 2022 година.

„Но, единственото нешто што сакам да го разгледам многу внимателно во следната година е навистина да работам околу тоа во однос на обидот да не дозволам негативноста во мојот живот да влијае на мене“, објасни Болдвин.

„Имав неколку многу интересни телефонски разговори со некои многу интересни луѓе кои нема да ги именувам, но некои од нив се прилично добро познати луѓе кои се занимаваат со секакви бихејвиорални, филозофски, религиозни, духовни, медитација, секаков вид на начини да ја постигнете состојбата на умот со која се справувате со негативностите во вашиот живот. И тоа е она што го сакам за сите “, рече познатиот актер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

„Мојата цел во новата година е мир, свесност, продлабочување на односите со луѓето што ги сакам, доближување до себе и подобрување на односите со луѓето за кои се грижам, но можеби нема да гледам толку многу од нив како порано“, рече тој откривајќи дека неодамна отпатувал на западниот брег за да помине време со неговата 26-годишна ќерка Ајрланд, која ја доби со поранешната сопруга актерката Ким Бесинџер.

Во меѓувреме, сопругата на актерот, Хилари Болдвин, искрено побара повеќе љубезност кон нејзиното семејство во сопствената новогодишна порака која ја сподели на социјалните мрежи.

„Животот е природно тежок. Неговата убава и трагична страна, среќна и тажна. Нема магија: само треба да верувате дека ќе биде добро“, рече таа и продолжи: „Тоа ме води до овој заклучок: посветете ја оваа година на добрината. Добрината ги негува другите и светот во кој живееме и кој им го оставаме на нашите деца. На добрината исто така едноставно се враќа со добрина. Замислете кога би почнале да се трудиме да бидеме љубезни“, додаде Хиларија. „Тоа не чини ништо, а сите ние имаме способност да бидеме љубезни. Кога слушам нешто љубезно, тоа ми го прави срцето полно и многу помага да се ослободам од негативноста“, рече таа.

 

Слични објави

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо
Се вчитува....