17.8 C
Скопје
10:50 - 28 април, 2024

АНТИКОВИД АПЧИЊА ОД ДЕНЕС ДОСТАПНИ ВО ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ: Сè што треба да знаете за апчето кое го убава ковидот, кој може да го пие, кога и како функционира, дали ја заменува вакцината?

Молнупиравир апчиња против ковид од 4 јануари се достапни во продажба во поголем број од земјите на Европската Унија.

Произведени се од Мерк, антивирусниот „молнупиравир“ пристигнува во повеќе европски земји почнувајќи од денес, а имаат цел лекување на пациенти кои не се хоспитализирани поради инфекција со ковид-19.

Кој може да ги пие, кога и како функционираат?

Првата пилула против Ковид 19 е реалност и за Европа од 4 јануари 2022 година. Антивирусниот молнупиравир пристигнува за лекување на пациенти кои не се хоспитализирани поради инфекција со Ковид-19. Кој може да го земе, кога и како функционира. Што треба да знаете и зошто апчето, сепак, не ја заменува вакцината.

„Молнупиравир“ е орален антивирусен лек чија употреба е индицирана во рок од 5 дена од почетокот на симптомите.

Времетраењето на третманот, кој се состои од земање 4 таблети (200 mg) два пати на ден, е 5 дена.

Сепак, Молнупиравир не е алтернатива на вакцината поради неговата ниска ефикасност и затоа што, како и другите лекови, има ограничено времетраење на дејство: концентрацијата на активните состојки е намалена и, по околу два дена, се отстранува од телото.

Напротив пак, вакцината делува на имунолошкиот систем, го „едуцира“ и го прави способен да се бори со вирусот неколку месеци.

Во случај на луѓе кои не можат да ја примат вакцината бидејќи се имуносупримирани, сепак, молнупиравирот може да претставува привремено решение за да се избегне ризикот од влошување на состојбата при инфицираност со вирусот.

Кој може да ги прими апчињата против ковид

Изборот на пациентот кој треба да ги пие или не апчињата е доверен на матичните лекари како и на специјалистите кои третираат пациенти заболени од ковид. Потребно е пациентот да е инфициран со вирусот од неодамна, и да има благи до умерени симптоми.

Пилулата може да се даде на оние кои се најранливи или со потенцијални фактори на ризик поврзани со ковид-19, како што се дебелина, срцеви заболувања, дијабетес или на возраст над 60 години.

Лекот се заснова на „инхибиција на вирусна репликација дури и ако има различни цели, така што ефективноста може да се најде само ако се администрира во рана фаза на болеста. Раното внесување всушност може да биде корисно за да се намали ризикот на штета предизвикана од SARS-CoV-2.“.

Антивирусната пилула, дадена во доза од 800 милиграми два пати на ден, го преполови ризикот од хоспитализација и смрт кога третманот започна во рок од 5 дена од првите симптоми. Приближно еден месец по започнувањето на третманот, 7,3% од пациентите (28 од 385) кои го земале лекот, во споредба со 14,1% (53 од 377) од оние кои земале плацебо, биле хоспитализирани или имале лош исход; ниту еден од пациентите во третираната група не починал, во споредба со 8 пациенти во плацебо групата.

Во однос на безбедноста, најчестите несакани ефекти пријавени за време на третманот во времетраење од 14 дена биле дијареја, гадење, вртоглавица и главоболка, од кои сите симптоми биле благи или умерени.

Лекот во големи дози не се препорачува кај жени кои се сомневаат дека се бремени или кои се бремени. Испитувањата направено на животни покажува дека високи дози на лекот може да влијаат на растот и развојот на фетусот.

Оралниот антивирусен лек делува така што ја намалува способноста на Sars-CoV-2 да се размножува во телото и тоа го прави со зголемување на бројот на мутации во генетскиот материјал на вирусот (Rna).

Инаку, Велика Британија е првата земја што го одобри овој лек. Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи (MHRA), регулаторна агенција за лекови во Велика Британија, препорачува да се користи што е можно поскоро по позитивниот тест за ковид и во рок од пет дена од почетокот на симптомите.

 

 

Слични објави

(Фото) Прва проба на Теја Дора на Евровизија: Вака ќе изгледа сценскиот настап на српската претставничка

еспресо

Астропрогноза за недела, 28 април: Девиците да внимаваат на мали нешта, Рибите да почнат да спортуваат

еспресо

Кармичка лекција: Два хороскопски знаци за неколку дена ќе се сретнат со бившите

еспресо

Денес се Цветници, единствен празник на кој треба да се работи

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ собори личен рекорд! Пејачот откри колку километри поминал денеска на пат за Грција, бројката е фасцинантна

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо
Се вчитува....