19:57 - 27 ноември, 2026

Брза и лесна капучино кекс торта (РЕЦЕПТ)

Превкусна капучино кекс торта која брзо се прави, а уште побрзо се јаде.

Потребни состојки:

500 – 550 г бисквити со путер
50 г капучино во прав
250 мл млеко
3 јајца
6 лажици шеќер
500 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

1. Изматете ги убаво јајцата и шеќерот. Потоа почнете постепено да ја додавате слатката павлака и постојано мешајте со миксер додека не добиете цврст фил.

2. Капучиното прелијте го со млекото, кое претходно ќе го загреете.

3. Секоја бисквита, намокрете ја во капучиното и почнете да ги редите на плех. Кога ќе направите еден ред, премачкајте одозгора со филот, па потоа повторно направете нов ред од бисквити. Продолжете додека не го потрошите целиот материјал.

4. На крај со остатокот од филот намачкајте ја целата торта, а декорирајте по ваш вкус, со свежи јагоди, шлаг или стопено чоколадо.

Слични објави

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.

Не ги чувајте компирите на ова место — грешка што многумина ја прават во зима, а поради која побрзо се расипуваат

К.С.
Се вчитува....