22.8 C
Скопје
14:04 - 19 октомври, 2026

5 работи кои мажите ги забележуваат и навистина уживаат во нив за време на сексот

Следуваат 5-те нешта што тој ги забележува, но и што навистина му се важни за време на сексот.

1. Иницијатива

За мажите ништо не е посекси од жена што се чувствува добро во својата кожа – тоа е тајната што ги привлекува, заедно со опуштеноста и слободата. Тие обожаваат кога жената е возбудена и спремна да преземе иницијатива, да даде некој нов предлог и да ја разбуди страста повеќе од кога било порано. Мажите обожаваат жени што знаат што сакаат, како во креветот, така и надвор од него.

2. Движења

Движењата неретко се едни од најмоќните оружја на секоја жена, започнувајќи од начинот на одење и мимиките, па се до движењата во текот на самиот секс. Голото женско тело само по себе ги возбудува момците, но ако е проследено со заводливи и сензуални движења, тогаш тие ја губат својата глава. Па, ако го прегрнувате, галите, чешкате, лулкате и бакнувате, тој засекогаш ќе биде ваш.

3. Погледи

Ас во ракав? Дефинитивно погледот што предизвикува страст. Задржувањето контакт со очите за време на бакнувањето и сексот е едно од најголемите уживања. Тоа ја подигнува самодовербата и го зголемува задоволството, па затоа е и еден од најлесните и најбрзите начини да ја загреете атмосферата во спалната соба.

4. Воздишки

Гласните воздишки можат да ослободат сексуален набој и енергија во текот на најстрасниот чин, но и да го насочат вашиот партнер кон оние нешта во кои најмногу уживате и да му дадат до знаење кога оргазмот е во близина. Тој ги доживува воздишките како знак дека ве задоволува, па тоа дополнително го возбудува.

5. Труд

Ако се трудите да го задоволите, тој нема да го пропушти тоа. Секој маж барем на момент сака да се почувствува како крал во креветот, па вашето внимание кон него може да доведе до поинтензивен сексуален однос и поголемо задоволство одошто сте мислеле дека е можно.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....