7.8 C
Скопје
23:34 - 18 октомври, 2026

Сочна и вкусна: Пита со праски и суво грозје (РЕЦЕПТ)

Праските се сега најубавото овошје, а ако од нив направите пита, сите ваши сетила ќе уживаат во неа.

Потребно ви е:

– 1/2 килограм тенки кори
– 150 грама шеќер
– 1 кг праски
– 4 јајца
– 4 лажици гриз
– 150 грама суво грозје
– 50 мл масло
– 1/2 прашок за печиво

Подоготовка:

Јајцата изматете ги со шеќерот, додадете го гризот со прашокот за печиво, сувото грозје, маслото и се добро изедначете. Првата кора раширете ја на работната маса и малку намастете ја. Праските измијте ги, па олупете ги и исецкајте ги на кришки.

Втората кора намачкајте ја со фил од јајца (2-3 лажици). Ставете ја третата кора која исто така ќе ја премачкате со фил и на дното наредете ги излупените праски. Свиткајте ги краевите па завиткајте во ролат. Истото направете го и со останатите кори. Печете на 200 степени околу 50 минути (зависно од јачината на вашата рерна).

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....