9.8 C
Скопје
21:44 - 18 октомври, 2026

Превкусен леден чоколаден десерт (РЕЦЕПТ)

Леден десерт во кој ќе уживаат сите членови на семејството

Потребни состојки:

4 жолчки
40 г шеќер во прав
150 г чоколадо со топен лешник
150 г Нутела крем
4 кесички шлаг во прав
400 мл млеко

Начин на подготовка:

Жолчките изматете ги заедно со шеќерот во прав. Потоа ставете ги 5 минути да се готват на пареа. Чоколадото искршете го на ситни парчиња и заедно со кремот ставете ги во еден сад. Полијте ги со топлата смеса од жолчките и шеќерот во прав, убаво измешајте ги и оставете ги да се оладат.

Шлагот во прав изматете го со млекото и додадете го со другите состојки. Откако сите состојки убаво ќе се соединети сипете ја смесата во тава обложена со целофанска фолија и оставете ја да се замрзне. Пота исечете го на коцки и уживајте во неговиот прекрасен вкус.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....