4.8 C
Скопје
06:48 - 19 октомври, 2026

Префинет италијански сладолед од кафе

Разладување со италијански сладолед од кафе, прекрасен и наменет за сите љубители на аромата на кафето. Уживајте…

Италијански сладолед од кафе

Потребни состојки:

9 жолчки од јајце
200 грама шеќер
500 мл млеко
125 грама кафе
300 мл слатка павлака
100 грама кршено чоколадо со вкус на кафе

Начин на подготовка:

Мешајте ги жолчките и шеќерот додека не добиете кремаста смеса.

Ставете ги млекото и кафето во сад на оган и чекајте смесата да почне да вари, а потоа тргнете го садот настрана и почекајте да се излади десетина минути.

Процедете го кафето и смесата истурете ја во садот со жолчките и шеќерот. Повторно мешајте додека да добиете хомогена смеса.

Смесата што ќе ја добиете по мешањето ставете ја на оган на температура од 85 степени. Кога малку ќе се стопли тргнете ја од оган, повторно процедете и оставете да се излади.

Потоа додајте ја слатката павлака и сецканите парчиња чоколадо и замрзнете ја смесата, .

Пријатно уживање!

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....