25.8 C
Скопје
20:08 - 9 септември, 2026

Песто коријандер, за мерак, здравје и детоксикација

Коријандерот, познат и како кинески магдонос, специфичен по силниот вкус и мирис, е еден од најдобрите чистачи на организмот и окрепнувач.

Лековитите својства на оваа билка се одамна познати, уште од најстарите денови листовите од коријандер се користат за целосна детоксикација на организмот, за зајакнување на имунитетот и крвната слика, при менструални болки и пореметувања, за намалување на нивото на шеќер, но и за смирување и лекување на изгоретини и ублажување на мачнина.

Во поново време, оваа чудесна билка се почесто се употребува и во превенцијата и лекување на канцерогените заболувања и туморите.

Поради специфичниот вкус, не може секој да го конзумира како додаток во салата, па најчесто се приготвува како чај. Чај од коријандер се прави со 6 грама семки од коријандер и 500 милилитри вода (засладен со мед).

Листот пак од коријандер секогаш се употребува свеж, има јака арома и најчесто се употребува во јужноамериканската и азијската кујна, додека во европската кујна повеќе се употребуваат сушените зрна. Свежото мелено семе од коријандер е одличен додаток на пецивата, супите и јадењата од зеленчук.

РЕЦЕПТ за совршено песто коријандер

Од оваа билка се прави исклучително вкусна „паста“ наречена песто коријандер со неодолив вкус. Песто коријандер може да послужи како додаток- салата со било кое јадење, додаток во тестенини, но и како намаз за леб.

Се подготвува многу едноставно и брзо, а вистински чувар е на вашето здравје.

Потребни намирници

1 китка коријандер

100 грама бадеми (непечени)

Маслинов зејтин

Половина лимон (цеден)

1 лук

Сите намирници се ставаат во блендер и се миксираат додека не се добие компактна смеса. Доколку смесата е премногу густа додадете половина филџан млака вода.

 

Слични објави

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.
Се вчитува....