4.8 C
Скопје
07:09 - 19 октомври, 2026

Дали е здраво секојдневното туширање? Дерматолизите предупредуваат да престанете со оваа хигиенска навика

Американските дерматолози истакнале дека честото туширање ја суши кожата и предизвикува нејзина иритација, ги отстранува добрите бактерии кои постојат на површината на кожата, предизвикувајќи пукнатини на неа и го зголемува ризикот од инфекции. Ова особено важи за туширање со топла вода, пишува „The Philadelphia Inquirer“.

Повеќето луѓе секојдневно се тушираат. Тоа им е секојдневна обврска, што секако не сакаат да ја пропуштат. Нивните навики се спротивставени со тврдењата на научниците кои велат дека честото миење има штетни последици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shower Clear (@showerclear)


Доктор Џошуа Цајхнер, професор по дерматологија во њујоршката болница „The Mount Sinai Hospital“, го окарактеризирал честото туширање како културен феномен.

– Забележливо е дека луѓето во нашата земја умеат да претераат со хигиената, и тоа треба да се истакне. Ваквото однесување е прифатено како општествена норма, истакнал Ранела Хирш, дерматолог од Бостон.

„Неумереното туширање“ е одраз и на влијанието на маркетинг кампањите, а не само модерните, туку исто така, и реклами кои се пласирани по Граѓанската војна. Како што во тоа време се ширеле рекламите за сапун и хигиената на луѓето се зголемувала на повисоко ниво.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Historical Voyeur (@kurtrowe)


Цајхнер и Хирш нагласиле дека родителите не треба секојдневно да ги капат децата. Доколку возрасните би ги послушале нивните совети, би ја направиле детската кожа помалку чувствителна на алергии и разни кожни заболувања како што е егземата.

Според советите на американските експерти, не е секој ден за туширање, за време на тие денови кога не се туширате исто така, треба да се одржува хигиена, со миење на најкритичните места на телото, и тоа со влажна крпа.

Тие истакнале дека темпото на туширање зависи од активностите на секој од нас, но дека е најдобрата препорака за туширање еднаш на секои два до три дена.

Слични објави

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Дали сте „хеликоптер-родител“? Преголемата грижа за децата може да има неочекувани последици

К.С.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Поврзани онлајн, осамени офлајн – менталното здравје во дигиталната ера

Еспресо

Зошто ви опаѓа косата? Овие се најчестите причини за кои можеби не сте знаеле

К.С.

Дали трчањето на загаден воздух е опасно за здравјето? Научниците откриваат како да се заштитите

К.С.

Која храна ги зајакнува коските, а која може да им наштети? Овие намирници се важни за нивното здравје

К.С.
Се вчитува....