Сѐ што треба да знаете за процената на репродуктивното здравје пред, за време и по бременоста
Одлуката за бременост е еден од најзначајните моменти во животот на една жена. Кога ќе донесете таква одлука, важно е да знаете дека подготовката започнува уште неколку месеци пред зачнувањето. Една од најважните препораки е започнување со фолна киселина. Овој витамин има важна улога во правилниот развој на нервниот систем на плодот и значително го намалува ризикот од одредени вродени аномалии.
Во идеален случај, бременоста се случува природно и без тешкотии. Но понекогаш патот до посакуваната бременост може да биде подолг или покомплексен. Доколку се обидувате подолг период без резултат, препорачливо е да се консултирате со гинеколог. Во рамките на една сеопфатна процена на репродуктивното здравје, лекарот може да препорача неколку дијагностички анализи и прегледи со цел да се добие целосна слика за репродуктивната функција.
Најчесто се прават следните испитувања: хормонални анализи, ехо-преглед на гениталните органи, проверка на проодност на јајцеводите (хистеросалпингографија – HSG), хистероскопија, лапароскопија, скрининг за генитални инфекции, спермограм кај партнерот, следење на бременоста.
Бременоста е уникатен период во животот на секоја жена. Во текот на овие девет месеци, редовните гинеколошки прегледи имаат клучна улога во следењето на здравјето на мајката и правилниот развој на плодот. Покрај редовните акушерски прегледи, постојат и три важни скрининзи, кои се изведуваат во различни периоди од бременоста.
Прв скрининг – прв триместар
Првиот скрининг се прави во првиот триместар од бременоста. Неговата цел е да процени дали постои ризик од одредени хромозомски состојби кај плодот. Постојат две опции:
PRISCA тест
Комбинира анализа на одредени ултразвучни параметри и хормони од крвта на мајката и дава статистичка процена на ризик за хромозомски аномалии.
Неинвазивен пренатален тест (NIPT)
Современ генетски тест што преку анализа на крвта на мајката овозможува многу попрецизна генетска процена на плодот.
Втор скрининг – морфолошки ултразвук
Се изведува помеѓу 18-та и 20-та гестациска недела. Овој преглед претставува детална морфолошка анализа на органите на плодот и овозможува процена на неговиот правилен развој. При овој преглед се анализираат структурата на органите на плодот, срцето, мозокот и ‘рбетот, протокот на крв во артериите што ја снабдуваат матката.
Трет скрининг – процена на растот на плодот
Третиот скрининг се прави околу 32-та гестациска недела.
Во овој период се следи растот на плодот, протокот на крв во крвните садови и зрелоста и функцијата на постелката. Овие информации му помагаат на лекарот да процени како се развива бременоста и кога е најбезбедно да се планира породувањето.
Дополнителни анализи во бременоста
Покрај основните скрининзи, постојат и други важни тестови како инфективен скрининг, скрининг за гестациски дијабетес (oGTT).
По девет месеци грижа и следење, доаѓа моментот на породување. Пред самиот чин на породувањето, заедно со пациентката се разговара за: начинот на породување, видот на анестезија и можноста за присуство на таткото во родилната сала. Целта е мајката да се чувствува смирена, сигурна и подготвена за овој посебен момент.
Во Клиника „Жан Митрев“ веднаш по раѓањето новороденчето е под грижа на педијатрискиот тим. Од првите моменти од животот, бебето добива неонатален преглед, внимателна медицинска нега и следење на растот и развојот.
Во Клиника „Жан Митрев“, вие, вашето здравје, вашата бременост и новиот член на вашето семејство се приоритет за секој член од тимот. За информации и закажување јавете се на тел. 02/3091 484
Доц. д-р Ирена Андонова
Специјалист гинеколог – перинатолог
Комерцијален текст.
