16:02 - 19 ноември, 2026

Јована Јеремиќ се омажи за Тигар! Тајна венчавка во црква, невестата и младоженецот пресреќни

Српската водителка Јована Јеремиќ денеска му се заколна на вечна љубов на Милош Стојановиќ, познат како Тигар. Тајната венчавка се одржала денеска во црква во Белград, во кругот на семејството, кумовите и најблиските пријатели.

Иако српските медиуми шпекулираа за датумот на венчавката и најавуваа голема прослава, водителката одлучила да има интимна церемонија и тоа во четврток, исто како што прават светските ѕвезди во последните години.

– Јована не сакаше венчавката во црквата да биде помпезна, бидејќи смета дека во прашањето е еден свет и интимен чин, а со тоа се согласува и нејзиниот партнер Милош. Јована блескаше во скапа венчаница и верувајте ми, не ја симна насмевката од лицето! Се гледа дека никогаш во животот не била посреќна и поцљубена – рекол добро информиран извор на порталот „Пинк“ кој инсистирал на анонимност.

По венчавката следувал и свечен ручек, а младенците се смееле, пееле и наздравувале со своите гости.

Јована и Тигар се запознаа во мај 2025 година во еден белградски ресторан. Средбата се случила со цел Милош да ѝ се помогне на Јована околу некои приватни проблеми низ кои минувала во тој период. Потоа, тие не се виделе долго време, а новата средба се случила во ноември на роденденот на пријателката на Јована, кога и ја започнале врската.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Планирате бременост?

Еспресо

Долг кариран капут, проѕирни хулахопки и чизми до колена: Сара Јо се појави во „без панталони“ модно издание

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ ја покажа креативната страна додека ужива во луксузниот одмор на Малдиви

Еспресо

(Фото) Не ги пропуштајте големите ноемвриски попусти на трпезариски и клуб маси во Wood room

apostolova

Животот им носи неверојатен пресврт на три хороскопски знаци — пристигнува полната Месечина на 24 ноември

К.С.

(Фото) Адријана Алачки во поинакво издание: наместо пред камерите, покрај казанот со ајвар

Еспресо
Се вчитува....