13:43 - 8 ноември, 2026

По масакрот, таткото на Рамос: „Мојот син требаше мене да ме убие“

Таткото на Рамос бил на работа кога го контактирала неговата мајка која го известила за пукањето. „Го убија моето чедо. Никогаш повеќе нема да го видам син ми, како и другите родители што никогаш веќе нема да ги видат нивните деца и тоа ме боли“, признал тој.

„Жал ми е за она што го направи мојот син, требаше мене да ме убие“. Три дена по масакрот во основното училиште во Увалде во кој беа убиени 19 деца и две наставнички, таткото на 18-годишниот убиец Салвадор Рамос, се извинува за направеното од неговиот син.

Во интервју за информативниот сајт The Daily Beast, тој вели дека е изненаден и тажен. „Никогаш не очекував такво нешто од мојот син. Требаше да ме убие мене наместо да го прави тоа што го направи“, вели таткото на Салвадор Рамос, кој има исто име како синот.

Рамос бил на работа кога мајка му го контактирала за да го извести за пукањето. „Го убија моето мало човече. Нема да го видам син ми веќе, како што и другите родители повеќе нема да ги гледаат нивните деца и тоа ме боли“, признава тој.

Рамос за неговиот син, исто така рече, дека бил разочаран од мерките за претпазливост за Ковид, пред околу еден месец, и поради тоа одбивал да разговара со него. Оттогаш Рамос не го видел синот.

Слични објави

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо
Се вчитува....