32.8 C
Скопје
15:48 - 8 септември, 2026

За позитивна енергија: Веднаш ослободете се од овие работи

Според Фенг шуи, секој предмет што го имате во домот, има своја енергија. Во продолжение прочитајте од што сè треба да се ослободите за да внесете позитивна енергија во домот.

Расипани машини/апарати

Според експертите за Фенг шуи, електронските апарати претставуваат сила и моќ. Енергијата од скршените и расипаните апарати и електрониката, со тек на време ќе се манифестира во вашиот живот во облик на здравствени проблеми и проблеми на емоционални и работно поле. Затоа или поправете ги овие апарати или фрлете ги. Многу е подобро просторот да се остави празен, отколку да се исполни со расипан телевизор, компјутер, тостер, соковник…

Овенати билки

Билките во Фенг шуи симболизираат раст, но само ако растат. Ако растенија во вашиот дом или во канцеларијата умираат, ќе ви создадат проблеми. Можеби ќе ви биде тешко да станете наутро, а на работното место ќе чувствувате умор. Затоа ако растенијата ви се безживотни и овенати, подобро фрлете ги и купете нови здрави билки, но грижете се за нив.

Лекови со поминат рок на трење

Освен што не се препорачуваат за консумација, лековите и козметиката со изминат рок на траење се лоши и за домот во кој се чуваат. Според Фенг шуи тие содржат токсична енергија која може да влијае на вас- тешко да се опуштате и физички и психички.

Стара храна во фрижидерот

Според експертите за Фенг шуи храната е симбол на способност на примање и давање љубов. Затоа фрижидерот полн со стари работи, може да ја загрози вашата врска. Прегледајте го фрижидерот еднаш неделно, но не ги заборавајте и другите места каде што чувате храна. Ослободете се од сè што веќе не треба да се јаде. Кога еднаш ќе се навикнете, ќе бидете многу повнимателни кон храната, a ќе забележите и разлика во изразувањето на љубовта.

Суво цвеќе

Сувото цвеќе создава лоша енергија, поради тоа што претставува неподвижна енергија. Кога имате суво цвеќе во вашиот дом можеби ќе почнете почесто да фантазирате за вашето детство или за минатата љубов. Затоа, исфлете го букетот цвеќе кое веќе подолго време е сув и набавете си свежо цвеќе.

Слични објави

Катарина Живковиќ откри дека посакува уште едно дете: „Подготвена сум за второ“

apostolova

Каролина Гочева го донесе холивудскиот гламур во Скопје: Блесна во бела креација покрај Хосе Карерас

Еспресо

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

Новинарот Сунаи Сабриоски: Прилеп нема центар, туку срце што отчукува

Еспресо

Јована Јеремиќ се огласи откако сопственик на дуќан ѝ „подари половина продавница“

E.A.

„Немаше финансии да ме поддржи, но ме туркаше напред“: Ивона Јо со нераскажана приказна за покојниот татко

Еспресо
Се вчитува....