29.8 C
Скопје
14:17 - 10 јули, 2026

Партнерот ви е одличен, но не и во кревет? Што да направите?

Доколку сте во врска со некој што го сакате и сe ви е одлично, само во сексот не ви оди и сте спремни на сe, само за да ја сочувате врската, еве што вели психологијата за тоа. Но, пред да се намуртите, мудро да одмавнете со главате и помислите “кога има љубов и сексот е одличен”, веднаш да ви ја разбиеме таа илузија со суровата вистина дека: тоа не е случај кај сите!

Жените кои имаат повеќе пријатели меѓу мажите, отколку меѓу жените, уживаат во подобар секс, бидејќи нивните партнери се плашат од конкуренција. Ова го покажале резултатите од студијата објавена во списанието “Компаративна психологија”. Истражувањето покажало дека партнерите на девојките кои се опкружени со машко друштво – повеќе се трудат и околу сексот, а и околу романтиките.

Освен тоа, верувале или не, потсвесниот страв дека партнерката би можела да ги изневери, во нивните очи таа станува попривлечна.

Што покажуваат истражувањата?

“Резултатите од истражувањата, покажаа дека кога постои стравот од изневерување, на несвесно ниво, машките почнуваат повеќе да се трудат околу партнерката. Во прашање е едноставо, текот на еволуцијата, која на ниво на потсвест, ја зголемува желбата за ‘ширење на DNK материјал’, односно – секс. Потребно ни е нешто што одвреме-навреме ќе нe потсети колку ни е драгоцена личноста со која сме во врска, а човечката природа вели: фактот дека таа личност им е привлечна и на другите е токму она што ќе не освести”, вели д-р Михаел Фам, кој го спровел истражувањето.

Во студијата учествувале 400 мажи кои се во постојана врска, а од нив се очекувало да ја оценат привлечноста на своите партнерки, да проценат колку пријатели има таа од машкиот пол, дали тие пријатели ја сметаат нивната пријателка за атрактивна, како и да го оценат квалитетот на сексот во врската. Се покажало дека зачестеноста и квалитетот на сексуалните односи расте заедно со бројот на мажите со кои нивната партнерка се дружи. Односно, колку повеќе пријатели има од машкиот пол, толку е почест сексот со нејзиниот партнер.

Затоа, иако може да ви делува како одвратна манипулација, доколку не сте задоволни од сексот, а сте се обиделе со се што ви паднало на памет за да ја подобрите ситуацијата, можеби е време да заиграте на картатата – (дозирана) љубомора.

Слични објави

(Фото) Барате квалитетни клуб маси и трпезариски маси по пристапна цена? Посетете го салонот на Wood Room во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Villa Diva – елегантна оаза за свадби, прослави и настани за паметење

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

(Фото) Во Chantel ве чека совршениот пар чевли, посетете го салонот во ГТЦ и направете го вистинскиот избор

Еспресо

Совршениот свечен фустан за моменти што се паметат го пронајдовме во бутикот „Прагма“ во ГТЦ – проверете дали и вие ќе го пронајдете вашиот

Еспресо

Едноставни трикови за избор на најслатка лубеница

Т.Ц.
Се вчитува....