17.8 C
Скопје
14:57 - 20 април, 2024

ОЛИВИЈА ЊУТН ЏОН ЈА ПРОДАДЕ ПОЗНАТАТА ЈАКНА ЗА ДА СЕ ЛЕКУВА ОД РАК: Само еден месец подоцна се случило нешто НЕВЕРОЈАТНО! (ФОТО+ВИДЕО)

Актерката Оливија Њутн Џон во ноември се „раздели” од својата сакана кожна јакна од филмот „Брилијантин” која го одбележа нејзиниот лик Сенди, но сега во ормарот таа повторно го поседува омиленото парче облека.

Имено, купувачот кој на аукција минатиот месец ја купил црната кожна јакна, одлучил да ѝ ја врати на Оливија.

профимедиа

Таа веќе долги години се бори со ракот на кој не му се предава, а во ноември минатата година, опасната болест повторно се вратила по трет пат. Тогаш актерката раскажала дека не сака да знае уште колку време ѝ преостанува и дека шансите за лекување се мали. Поради тоа, Њутн Џон кон почетокот на ноември одлучила да организира аукција на која ќе продава предмети од својата долгогодишна кариера за да собере пари за лекување од ракот. На аукцијата, помеѓу 500-те одбрани предмети се нашла и кожната јакна која таа ја носеше во „Брилијантин”, а нејзината почетна цена била 200.000 долари.

профимедиа

„Воопшто не сум тажна и ќе се разделам од тие работи. Тоа се само предмети и се обидувам да не се врзувам за нив. Ќе ги задржам во сеќавањето убавите спомени и фотографиите”, изјави тогаш актерката.

профимедиа

Но, анонимниот купувач ја развеселил 71-годишната Оливија така што ѝ ја подарил назад нејзината јакна и донирал дополнителни 185.000 фунти во центарот за лекување на рак во Австралија, кој таа го отворила во 1992 година кога за првпат ѝ бил дијагностициран рак на дојка.

Kindness and Generosity with Olivia Newton-John (Post Auction Update)

Here is the full video of what happened following our "Property From The Collection of Olivia Newton-John" auction last month, as a result of the generosity of the winning bidder of her iconic Grease jacket…#OliviaNewtonJohn #Kindness #Inspiration #Hope

Publiée par Julien's Auctions sur Mardi 10 décembre 2019

„Јакната не би требало да биде во ормарот на некој милијардер кој само би се фалел со неа”, изјавил купувачот.

Инаку, јакната и црните панталони кои Оливија ги носеше во текот на дуетот со Траволта во песната „You’re The One That I Want” се продавале посебно, достигнувајќи двојно повисока цена од очекуваната.

Слични објави

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ позираше во вежбална: Водителката ја покажа долната облека

Еспресо

„Жал ми е за секој развод, некогаш е неизбежен“: Мелина експресно раскрсти со Харис Џиновиќ

Еспресо

Тронот на Монако може да го преземе сестрата на принцот Алберт: Неговиот татко се сомневаше во него! 

еспресо

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Јована Јеремиќ „удри“ по колешката Јована Јоксимовиќ: „Ги малтретира вработените, нека ја покаже дипломата!“

еспресо
Се вчитува....