17.8 C
Скопје
18:50 - 18 октомври, 2026

Неколку трикови за беспрекорно бели алишта

Белата облека во многу случаи е одличен и практичен избор, но проблемот е што тешко се одржува нејзината белина.

Со современиот начин на живеење, неретко немаме време да ги групираме алиштата за перење според боја, па тоа за жал резултира со потемнети бели алишта кои изгледаат како валкани. Со помош на овие неколку трикови, вашите бели парчиња облека повторно ќе заблескаат во потполно бел сјај.

Еден од најевтините начини за совршено избелување на белата облека е со помош на калиум перманганат кој може да се купи во аптека.

Рецептот е едноставен. Во 10 литри врела вода ставете неколку кристали калиум перманганат. Водата ќе стане розова, но тоа нека не ве плаши. Немојте да претерувате со количината за да не добиете темновиолетова боја.

Додадете 200 грама детергент за перење и промешајте, па потоа додадете ја мократа облека. Легенот покријте го со најлонска кеса или фолија и оставете ја така да седи 4-5 часа (може и преку ноќ). Нека не ве буни бојата на водата, облеката ќе биде побела од кога било. Кога ќе ги извадите алиштата од течноста, исцедете ги и пикнете ги во машина за перење. Перете ги како и вообичаено.

Ако алиштата биле перени пред избелувањето, тогаш само исплакнете ги и ставете ги да се сушат. Облеката ќе ви биде беспрекорно бела.

Дополнителни трикови:

– Во текот на перењето во прашокот за перење можете да додавате по 2-3 лажици сода бикарбона. Ќе заштедите на скапи средства за избелување, а облеката ќе ви биде совршено бела. Содата ја смалува тврдоста на водата, па така средствата за перење стануваат поефикасни.

– Прашокот за пециво е исто така добар избелувач. Пред перењето истресете една ќесичка во прашокот за перење и промешајте. Резултатот нема да изостане.

Слични објави

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

(Фото) Цеце Николова вљубена и среќна на Кипар — ужива со саканиот Јане во Аја Напа

apostolova

(Видео) Александра Пријовиќ оживеа фолк-хит од 2005 година, „Тикток“ полуде по песната

Еспресо

Јелена Спенџарска доживеа необична средба во такси во Скопје: „Возачот ми покажа наша фотографија стара повеќе од една деценија“

Еспресо

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ секојдневно се слушаат — нивната ќерка наскоро се сели во Милано

Еспресо

(Фото) Медениот месец не ѝ започна според планот – Аница Лазиќ ја опиша драмата на патот кон Италија

Еспресо
Се вчитува....