10:02 - 19 август, 2026

Омилениот колач без брашно и путер, на диетален начин

Работа, обврски, деца, или грижа за роднини и уште размислување што да подготвите за ручек. Премногу обврски за секоја жена.

Со желба да ви олесниме барем кога станува збор за десертот, а ќе признаете дека малку чоколадо ја намалува дури и депресијата, пронајдовме за вас супер вкусен, а повторно многу лесен за подготвување сочен брауни колач.

За него ви се потребни само три намирници: батат (сладок компир), бадеми и чоколадо. Освен тоа, здрав е, полн со влакна и прикладен и за оние кои се на диета, која дозволува мала количина на јаглени хидрати.

Доколку сте алергични на јаткасти плодови, наместо нив ставете семки од сончоглед или кокосово брашно. Исто така, не избирајте премногу горко чоколадо, бидејќи тоа всушност треба да биде изворот на благиот вкус. Забележавте дека колачот не содржи ниту брашно ниту путер, но тука се бадемите и бататот кои ќе му дадат прекрасна текстура.

Важна напомена: Бататот е подобро да се испече во рерна, отколку да се вари во вода или на пареа бидејќи тогаш ќе содржи помалку вода, односно ќе се пече во сопствениот сок.

Состојки:

 

– 2 поголеми батати, околу 300 гр

– 1 шолја или 120 гр бадеми

– 125 гр црна чоколада

 

Подготовка:

Излупете го бататот, исецкајте го и печете го околу 40 минути на 220 степени. Потоа стопете ја чоколадата на пареа, а кога бататот доволно ќе се олади помешајте го со чоколадото и бадемите. Ставете ја смесата во помал калап, па оставете го во фрижидер еден час за колачот да се стегне. Ви останува уште колачот да го исечете на коцки и да уживате во супер здравиот колач.

Слични објави

Авантурата на Иван и Спасе – од Радовиш со стар автомобил до луксузот во Монте Карло

Еспресо

Сите очи вперени кон Сонцето: При затемнувањето птиците престануваат да пеат, животните се однесуваат чудно

Еспресо

Лавандата лесно се одгледува, а со еден едноставен трик ќе цвета цело лето

Т.Ц.

Четири освежителни салати од краставици и мал трик што го менува вкусот

Т.Ц.

(Фото) Пет европски бисери што вреди да ги посетите пред да станат прескапи и преполни со туристи

Еспресо

Пудингот од бајат леб е стар англиски десерт што повторно освојува: со боровинки и бело чоколадо станува неодолив летен десерт

Т.Ц.
Се вчитува....