11.8 C
Скопје
07:01 - 8 мај, 2024

Колку често среќните луѓе водат љубов?

Колку пати сте се запрашале колку често другите парови водат љубов и колку пати неделно имаат секс, а да не западнале во обична рутина? Еден американски доктор за сексуално здравје открива колку често паровите водат љубов.

Според најновото истражување паровите кои се во брак или долгогодишни врски имаат односи во просек два до три пати неделно.

Уште еден податок е многу интересен, а тоа е дека просечен маж доживува оргазам за две минути од почетокот на односот што е премногу брзо за неговата партнерка, односно на една жена и се потребни пет до седум минути за постигнување на оргазам.

Паровите во помлади години често сметаат дека е нормално да се води љубов и по неколку пати на ден, додека паровите над 20 години старост имаат односи еднаш во три дена.

Со текот на годините сексуалната активност опаѓа, па така паровите меѓу 30 и 50 години водат љубов еднаш неделно, додека после 50 година и помалку од еднаш неделно.

Најчест е сексот на почеток на врска кога паровите се сексуално активни дури и секој ден.

Сепак, не треба да ги генерализираме ваквите работи, бидејќи секој пар посебно си има свои различни афинитети и потреби.

Па така на некои и е потребно повеќе секс, додека други повеќе уживаат во други работи. Нормална бројка е онаа која вам најмногу ви одговара.

Слични објави

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....