3.8 C
Скопје
06:20 - 20 октомври, 2026

„Дебела, омажи се за бел човек!” Плус-сајз манекенката добила ужасна порака, па ја објавила (ФОТО)

“Најди мозок и омажи се за добар бел човек и имај бели деца, а не црни со твојот мајмунски маж”, било напишано во мејлот кој таа го добила.

Ешли Грем добила мејл кој ја згрозил, откако лицето кое го сокрило името и адресата, и напишало дека нема срце, дека е дебела, а не пример за било кој, и дека треба да се омажи за белец за да роди бели деца.

„Не си ничиј пример. Не си плус-сајз манекенка туку си дебела и дефинитивно не си атрактивна како што мислиш дека си. Големите гради не прават жена, туку големото срце, а твоето е мало како зрно грашак”, и напишал непознатиот човек.

profimedia

Во продолжение, тој ја критикувал Ешли што се омажила за Афроамериканец, режисерот Џастин Ервин (30).

„Најди мозок и омажи се за добар бел човек и имај бели деца, а не црни со твојот мајмунски маж”, било наведено во мејлот.

Ешли мејлот го објавила на Инстаграм, без никаков коментар, очигледно сметајќи дека е беспотребен.

Потсетуваме, Ешли и Џастин се во брак од 2010-та година, а таа минатата година открила дека имала проблеми кога го претставила пред своето семејство во Небраска.

profimedia

„Мојата мајка не видела Афроамериканец до свои 18 години, ништо не знаеше за нивната култура. Кога го виде баба ми, студено го поздрави, се заврте и си замина. Бев шокирана бидејќи отсекогаш ја сакав баба ми и ја сметав за прекрасна личност, не знаев дека е расист”, раскажа Грем во една прилика.

Ешли стекна светска слава благодарение на своите облини, а додека едни тврдат дека е совршена каква што е , други зборуваат дека би можела да изгуби некој килограм.

profimedia

Сепак, Ешли е задоволна со својот изглед, а теретаната не ја избегнува.

„Никогаш не дозволив телото на било кој начин да ми пречи во напорните тренинзи. Градите, задникот, стомакот, ништо не може да ме спречи да продолжам да се движам и да имам контрола над своето здравје”, напишала под едно од објавените видеа.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.
Се вчитува....