6.8 C
Скопје
02:42 - 26 април, 2024

Овие работи жените не сакаат да ги делат ниту со своите партнери

Како и четкичката за заби, така постојат и некои нематеријални работи кои би требало да ги задржите за себе и да не ги споделувате со другите.

Врските се темелат на доверба, но некои работи нема на никого да му наштетат доколку останат тајна.

Денес ви претставуваме неколку работи кои жените сакаат да ги задржат само за себе.

1. Килограмите

Иако сте виделе како некои фитнес тренери кои го посветиле целиот живот на тренирањето на себе си и другите гордо ги споделуваат своите килограми на Инстаграм, сепак повеќето жени оваа бројка сакаат да ја задржат за себе. Дамите сепак не се прашуваат за годините и килограмите, зарем не?

2. Бројот на партнери

Ретко која жена со активен сексуален живот, ќе ви открие со колку момчиња спиела. Тоа на ниту еден начин на може да влијае на нејзината врска или на било што друго, освен доколку не внимавала па заработила некоја хронична полова болест.

3. Апетитот

Понекогаш на жените им е непријатно да кажат дека и покрај обилната салата тие се уште се гладни. Тоа повеќето се однесува на периодот во кој тие се на почетокот на врската или на некој незадолжителен дејт.

4. Способноста во „машки“ работи

Ако имате потребен алат, речиси секоја жена ќе успее да склопи било какво парче мебел. Некои жени тоа нема да и го признаат на својата посилна половина само за да не ја намалат неговата улога на маж во домот и во неговите очи да останат нежни и женствени.

5. Испуштањето на гасови

Иако не е воопшто привлечно, сепак се работи за нормална телесна потреба. Но сепак некои жени никојпат нема да признаат дека го направиле тоа.

6. Незадоволството по сексот

За да не го нарушат егото на својот маж, жените главно ќе ги премолчат лошите моменти и тоа дека не се целосно задоволени. Другиот пат ќе биде подобро.

Слични објави

Почина модниот дизајнер Роберто Кавали, кралот на животинскиот принт

еспресо

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Лекција за идните модни креатори и костимографи

еспресо
Се вчитува....