24.8 C
Скопје
12:23 - 11 мај, 2026

Почина модниот дизајнер Роберто Кавали, кралот на животинскиот принт

Денеска на 84-годишна возраст почина познатиот италијански моден дизајнер Роберто Кавали. Неговата компанија ја објави смртта на Инстаграм, но не даде детали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roberto Cavalli (@roberto_cavalli)

Весникот „Кориере дела сера“ објави дека Кавали долго време бил болен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Outpump (@outpump)

Роберто е роден во 1940 година во Фиренца. Татко му бил надзорник во рудник и починал многу рано, Германците го убиле за време на Втората светска војна.

Неговата мајка Марсела била шивачка, а нејзиниот татко бил познатиот импресионистички сликар Џузепе Роси, чии дела сè уште се изложени во музејот во Фиренца.

Неговиот живот и животот на неговата сестра имале големо влијание од нивната мајка, бидејќи таа, сама ги воспитувала, а тоа оставило длабока трага на нивниот карактер.

Во 1957 година влегол во Академијата за уметности, двоумејќи се дали да ги следи стапките на својот дедо и да стане сликар или да стане архитект, што го привлекувало.

На изненадување на сите, дури и на најблиските, завршува моден дизајн.

Препознатливиот стил на Кавали на сите јазици е познат како „молто секси, молто животински принт и молто, молто Италијано“, како што еднаш го опиша британскиот весник Индипендент – остана суштински непроменет во текот на неговата долга кариера. Но, тој вешто ја обновуваше својата идеја за облеката адаптирана за различни декади, градејќи глобален бренд.

Во 1970-тите, Кавали дизајнираше јакни, фармерки и мини фустани направени од тексас кои ги продаваше во својот луксузен бутик во Сент Тропе, на француската ривиера, на актерки како Брижит Бардо и Софија Лорен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roberto Cavalli (@roberto_cavalli)

Во следните две децении, тој остана главно непознат надвор од Европа. Потоа, во 1990-тите, тој повторно го измисли луксузниот тексас, најпрвин со изглед на песок, а потоа, со препознатливата ликра вметната во фармерките за да ги направи поцврсти и да изгледаат посекси. Кога манекенката Наоми Кембел носеше таков пар фармерки за време на ревијата на модните писти во 1993 година, растегливите фармерки станаа огромен тренд.

Пред тој пробив, бизнисот на Кавали речиси пропаѓаше и тој размислуваше да ја затвори својата фабрика. Но, од средината на 90-тите па наваму, тој стана едно од најголемите имиња во модата, со продавници ширум светот, и војска славни обожаватели како Лени Кравиц и Синди Крафорд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roberto Cavalli (@roberto_cavalli)

Следуваа и дизајнерски парчиња накит, парфеми и очила за сонце па се до детска облека, детаљи за домот па дури и и Вотка со потпис на брендот Роберто Кавали, која се купуваше спакувана во шише покриено со змиска кожа.

 

Слични објави

(Фото) Сестра ѝ на Јелена Спенџарска е вљубеничка во природата: „Среќно семејство од 6 члена“

Еспресо

„Дали ни треба уште еден тест“: Марија и Бојан од „Ај кју“ објавија среќна вест, добија бројни честитки

Еспресо

(Фото) Ужива на Бали — снаата на Теодора Џехверовиќ позираше во минијатурно бикини

Еспресо

Хороскоп за 11 мај: Близнаците ги очекува одлична дружба, Лавовите ќе се покажат во полн сјај

Еспресо

Има само 18 години, а веќе ги полни клубовите: Младата хрватска пејачка изгледа сензационално

Т.Ц.

Внуката на Арсен Дедиќ има 24 години и тргна по стапките на дедо ѝ: Прилично сум енергична личност сум, едноставно немам мир

Т.Ц.
Се вчитува....