22.8 C
Скопје
17:47 - 19 октомври, 2026

Своеглави и горди: Овие хороскопски знаци мразат наредување

Следните три хороскопски знаци се препознатливи по своите „настапи“ и тешката контрола на емоциите.

Овен

Како прв знак од Зодијакот, огнениот Овен е подготвен со сите да се пресмета – доколку тој е во право, а во повеќето случаи смета дека е во право. Затоа, ако се обидете да му наредите нешто, особено доколку тоа се коси со неговите животни принципи, Овнот ќе ви ги покаже своите рогови. Бесот ќе ескалира во кавга која лошо ќе заврши за сите. Често е подготвен од инает да направи некои работи, за кои длабоко во себе е свесен дека се погрешни.

Бик

Многу посталожениот и попромислениот од огнениот Овен, Бикот подготвено ќе ги изложи своите идеи и ќе ги презентира на најуверливиот начин – така што ќе ве убеди дека ги поседува сите знаења на светот. Поради природната досетливост и смиреноста, одлично го проценува светот околу себе и се штити од сите влијанија од страна. Иако е одличен во работата и успева да ја сокрие својата своеглавост, вистина е дека за блиското опкружување е многу тешка личност, па со него секогаш морате да водите сметка како разговарате.

Лав

Лавовите се родени лидери кои обожаваат да наредуваат. Зборот хиерархија за нив не постои, па доколку не се главни, тие ќе се тргнат на страна и ќе пронајдат свој чопор кој ќе го водат. Не трпат ниту еден облик на манипулирање и понижување, но исто така ниту совети од другите луѓе. Премногу се горди за вие да им говорите што треба да прават.

Слични објави

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

Хороскоп за 19 октомври: Лавовите ќе се потпрат на својата интуиција

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 октомври: Бидете самоуверени и истрајни

apostolova

Сезоната на Скорпијата носи среќа за три хороскопски знаци — некои ги очекуваат пари, а други остварување на голема желба

К.С.

Дневен хороскоп за 16 октомври: Избегнувајте импулсивни одлуки

apostolova
Се вчитува....