21.8 C
Скопје
14:21 - 27 април, 2024

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

Во Лос Анџелес заврши 96-тата церемонија на доделувањето на Оскарите, најпрестижните филмски награди, а светски познатите ѕвезди, кои се подготвуваат за овој настан многу пред да започне, блеснаа во полн сјај на црвениот тепих, облечени во креации на врвните модни дизајнери.

Ги избравме најубавите модни комбинации на вечерта на Оскарите.

Ања Тејлор-Џој во Диор висока мода
27-годишната британско-американска актерка Ања Тејлор-Џој го направи своето прво појавување на Оскарите оваа година. За нејзиното деби на црвениот тепих на доделување награди, таа избра сребрен фустан од Диор (висока мода) со горнен дел во вид на корсет без прерамки украсено со сребрени мониста и долен дел изработен од слични украсни детали имитирајќи рибни крлушки. На црвениот тепих Ања изјави дека нејзиниот фустан е инспириран од сликата на Сандро Ботичели „Раѓањето на Венера“.

Зендаја во Џорџо Армани Прајв
Откако блескаше на прес-турнејата на филмот „Дина: Втор дел“, каде што покажа многу стилски и футуристички модни решенија, 27-годишната Зендаја подеднакво блесна и на Оскарите. Меѓутоа, овојпат ѕвездата избра многу женствен аутфит, облечена во црно- розов фустан од Џорџо Армани Прајв.

Аријана Гранде во Џамбатиста Вали
Пејачката Аријана Гранде (30) изгледаше етерично во розов фустан од високата мода на Џамбатиста Вали, кој одговараше на нејзиниот „злобен“ лик Глинда.

Дизајнот достоен за бајките ја има истата бледо розова нијанса како и фустанот од тул кој го носеше во мјузиклот, чија премиера е закажана во ноември 2024 година.

Шарлиз Терон во Диор (висока мода)
Оскаровката Шерлиз Терон (48) се појави на црвениот тепих во театарот Долби облечена во совршена тоалета од високата мода на Диор и накит од Бушерон, вклучувајќи прстени, нараквици, ѓердани и обетки. На нејзиниот изглед работеше стилистката Лесли Фремар.

Покажа како се носи целосната доминација на сребрената нијанса.

Маргот Роби во Версаче
33-годишната австралиска актерка Маргот Роби изненади со изборот на облека за церемонијата на Оскарите 2024 година.

Додека сите очекуваа нешто експлозивно розозва нијанса – како Барби, таа на црвениот тепих се појави во неочекуван, но не помалку луксузен изглед. Маргот избра црн фустан без прерамки од колекцијата на Версаче за сезоната есен/зима 2024 година, со набразден струк што ја истакна нејзината фигура. Фустанот го комбинираше со црни сандали со тенки ремчиња, со високи потпетици.

Џенифер Лоренс во Диор (висока мода)
33-годишната актерка Џенифер Лоренс на црвениот тепих на Оскарите 2024 го почитуваше холивудскиот гламур и избра црн фустан со бели точки, без прерамки, од Dior Haute Couture. Се одликуваше со корсет елече, пространо здолниште и соодветен шал, кој актерката го обви преку рамениците. Таа го украси својот моден изглед со блескав ѓердан од Сваровски (Created Diamond) со измешани скапоцени камења, заедно со соодветна дијамантска нараквица и дијамантски прстен.

Кирстен Данст во Гучи
41-годишната актерка Кирстен Данст покажа луксузна едноставност на црвениот тепих на Оскарите во 2024 година. За оваа пригода, дизајнерот Сабато Де Сарно за Гучи создаде фустан кој е олицетворение на минимализмот и безвременоста од 90-тите. Со акцент на исклучително густата ткаенина, тој ја истражуваше моќта на поедноставената форма. Фустанот до подот со квадратно деколте и тенки прерамки беше олицетворение на едноставноста и гламурот. И темата на изгледот на накитот беше минимализмот: Данст избра дијамантски ѓердан и нараквица, како и обетки од Фред Лејтон. Актерката ја стилизираше косата во долги и лелеави бранови, давајќи и дополнителен волумен и сјај.

Слични објави

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Астропрогноза за сабота, 27 април: Важно познанство за Лавовите, многу среќа за Скорпиите

еспресо

Среќлии во љубовта: Два хороскопски знаци ќе доживеат возвишена љубов во мај

еспресо
Се вчитува....