00:25 - 28 ноември, 2026

Прекрасна вечера со магичен вкус: Пита со спанаќ која ќе ја сонувате (РЕЦЕПТ)

Кога ќе ја направите оваа пита, ќе го соберете целото семејство на маса, а сите ќе бидат воодушевени од нејзиниот магичен вкус.

Потребни состојки:

– 300 грама спанаќ

– 1 шолја брашно

– 1 лажица сол

– 1 лажица прашок за печиво

– 2 јајца

– 1 шолја млеко

– 1/2 шолја стопен путер

– кромид

– 250 грама рендана моцарела

profimedia

Подготовка:

– Спанаќот измијте го и обарете го за да омекне

– Кога ќе се свари, оставете го во цедалка да се олади.

– Во друг сад помешајте го брашното, солта и прашокот за печиво.

– Додадете ги јајцата, млекото и стопениот путер, и кога ќе ги измешате добро додадете го и спанаќот, сецканиот кромид и моцарелата.

– Ставете ја смесата во сад за печење и ставете ја во рерната која претходно сте ја загреале на 190 степени и печете околу 30 – 35 минути.

– Почекајте да се олади пред да сервирате.

[ReviewDisclaimer]

Слични објави

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.

Не ги чувајте компирите на ова место — грешка што многумина ја прават во зима, а поради која побрзо се расипуваат

К.С.
Се вчитува....