06:30 - 11 јули, 2026

Најлесен пат до Г-точката: Поза во сексот која никогаш не се одбива

Не постои формула за совршен секс бидејќи се зависи од партнерите, нивните желби и потреби, но многу истражувања потврдиле дека жените имаат омилена поза во која најбрзо и најлесно доаѓаат до оргазам.

Една од наједноставните, а притоа и најпопуларните пози во сексот, секако, е мисионерската поза. Позата во која жената лежи на грб, а мажот е над неа, е основа во секој секс.

Оваа поза овозможува максимален контакт со телото и усните на партнерот, страствени погледи и воздишки кои се многу силни двигатели на страста.

Исто така, во оваа поза е наједноставно да се дојде до женската Г-точка која исто така може да биде одговорна за силен оргазам. Но, мисионерската поза не мора да биде здодевна, бидејќи оваа поза може да се изведе на разни начини, а ние ви ги донесуваме трите најпопуларни кои гарантираат најсилен оргазам.

1. Класична мисионерска поза

Жената лежи на грб со раширени нозе. Мажот лежи над неа со свиткани колена или испружени нозе, потпирајќи го телото на дланките или лактите. Мажот го диктира темпото и силата на односот.

2. Обратна мисионерска поза

Оваа поза е како создадена за жените кои сакаат да доминираат во сексот. Мажот лежи на грб со малку раширени нозе, а жената е над него потпрена на дланките или лактите покрај неговата глава. Во оваа варијанта жената го диктира темпото.

3. Мисионерска поза под агол

Жената лежи на грб со рашитени нозе. Мажот лежи над неа, но под агол од 45 степени, односно малку ротиран на лево или на десно. За покомотна позиција и посилно задоволство, жената може да ја испреплете едната нејзина нога со неговата и да му го олесни движењето.

Слични објави

Совршен подарок: Мали уметнички дела од восок – креации што го разубавуваат секој простор

Еспресо

(Фото) Барате квалитетни клуб маси и трпезариски маси по пристапна цена? Посетете го салонот на Wood Room во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Villa Diva – елегантна оаза за свадби, прослави и настани за паметење

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

(Фото) Во Chantel ве чека совршениот пар чевли, посетете го салонот во ГТЦ и направете го вистинскиот избор

Еспресо

Совршениот свечен фустан за моменти што се паметат го пронајдовме во бутикот „Прагма“ во ГТЦ – проверете дали и вие ќе го пронајдете вашиот

Еспресо
Се вчитува....