05:21 - 20 август, 2026

ВРЕМЕ Е ЗА РУЧЕК: Пилешки копани со лимон, лук и рузмарин подготвени за половина час

Лимонот и лукот ќе му дадат посебна арома и вкус на пилешкото месо. Лесното приготвување дополнително ќе ве привлече, а овој нов рецепт ќе стане ваш омилен.

Едноставните јадења се најчесто и највкусни, потврдува и рецептот на познатата готвачка Нигела Лосон за пилешко со лук и лимон.

Не е потребно да сте вешти во кујната бидејќи доволно е да ставите сè во плехот за печење, да додадете лимон, неколку чешниња лук, зачини по желба и да се препуштите на уживањето во мирисите што ќе шират од рерната.

Резултатот е сочно и меко месо кое освојува со освежителен вкус благодарение на лимонот.

Состојки за пилешко со лимон, лук и рузмарин:

– 6 пилешки копани
– 1 главица лук
– 1 голем лимон
– 1 лажица мајчина душица или неколку свежи листови
– 3 лажици маслиново масло
– 150 мл бело вино
– сол, бибер
– рузмарин

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 целзиусови степени. Поделете го пилешкото на парчиња и излупете неколку чешниња лук. Исечете го лимонот на кругови. Ставете ги сите состојки во сад и подмачкајте ги.

Ставете ги копаните во садот за печење, додадете ги лимонот, лукот и мајчината душичка. Истурете го виното и печете ги половина час, но покриени со фолија или хартија за печење.

Извадете ја фолијата и печете уште неколку минути на 200 целзиусови степени додека не добијат крцкава кора.

Послужете со гарнир по желба.

Добар апетит!

Слични објави

Авантурата на Иван и Спасе – од Радовиш со стар автомобил до луксузот во Монте Карло

Еспресо

Сите очи вперени кон Сонцето: При затемнувањето птиците престануваат да пеат, животните се однесуваат чудно

Еспресо

Лавандата лесно се одгледува, а со еден едноставен трик ќе цвета цело лето

Т.Ц.

Четири освежителни салати од краставици и мал трик што го менува вкусот

Т.Ц.

(Фото) Пет европски бисери што вреди да ги посетите пред да станат прескапи и преполни со туристи

Еспресо

Пудингот од бајат леб е стар англиски десерт што повторно освојува: со боровинки и бело чоколадо станува неодолив летен десерт

Т.Ц.
Се вчитува....