8.8 C
Скопје
00:18 - 18 октомври, 2026

Туна оброк за трудници (РЕЦЕПТ)

Состојки:

200 гр туна
100 гр фета сирење
100 гр маслинки
100 гр фета сирење
1 кромид
1 домат
10 гр копар
маслиново масло
лимонов сок
зачини по желба

Подготовка:

Во подлабок сад измешајте ги исечканиот домат, копарот, кромидот, маслинките, маслото за јадење и фета сирењето.

Откако сите состојки убаво ќе ги измешате и нивните сокови убаво ќе се соединат, ставете ги во чинијата во која планирате да ги консумирате.

Потоа, во тава на оган ставете малку маслиново масло и пржете ја туната по околу 2 до 3 минути од секоја страна. Прженото парче туна ставете го врз салатата, а одозгора убаво зачинете и прелијте со малку маслиново масло.

Совет: При подготовката на туната, тавата секогаш мора да биде убаво загреана, а парчето мора да се пржи еднакво долго и од двете страни. Па така, доколку од едната страна туната сте ја пржеле 2 минути, исто толку долго пржете ја и од другата страна.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....