16.8 C
Скопје
23:55 - 29 септември, 2026

СМРЗНАТА, СВЕЖА, ОДГЛЕДУВАНА… Која риба е најздрава за јадење?

Љубителите на риба треба да се „подзамислат“ кога ја нарачуваат во ресторани, особено кога тоа се случува во места каде нема услови за свеж улов.

Факт е дека голем процент од понудата на пазарите и маркетите е риба која е одгледувана во рибници. Затоа, најпаметно е да ја јадете кога сте на места каде е достапна свежа.

Пред сè, жива риба јадете само во сертифицирани ресторани, бидејќи незготвеното месо може да содржи паразити. Речиси и да нема жива риба која не е „контаминирана“ со ларви, особено кога е уловена од природното живеалиште. Во случај кога јадете свежо уловена риба, барајте да ви биде подготвена целосно, со соодветна термичка обработка.

Постојат многу одгледувалишта со високи стандарди на квалитет, но единствената маана во овој случај е што таа риба е вештачки одгледувана, надвор од природната средина, а често е и третирана со антипаразитски препарати.

Затоа, не паѓајте на маркетиншкиот трик за морска риба одгледана од рибник, бидејќи може да биде многу помасна од уловената од море, но и да има висока концентрација на „морски“ супстанци кои се додавани за време на одгледувањето.

Исто така, имајте предвид дека и во најбезбедните рибници се можни контаминации. Поради тоа, не треба да се откажете од омилената риба, но морате да ја набавувате од проверени произведувачи и да имате предвид дека не ги добивате еднаквите состојки како кога ќе порачате свежо уловена.

Слични објави

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.
Се вчитува....