22.8 C
Скопје
14:35 - 28 септември, 2026

Пита со спанаќ која и Софија Лорен ја подготвува (РЕЦЕПТ)

Подгответе домашна пита со спанаќ од кори од хељда на начин како што ја обожава и познатата холивудска дива.

Состојки:

500 гр кори од хељда
200 гр просо
2 чешниња лук
2 лажички сув магдонос
Зачини по желба
600 гр спанаќ, блитва или коприва (или нивни микс)
Морска сол
Ладно цедено сончогледово масло

Подготовка:

Измијте го просото па ставете да се вари во сооднос просо спрема вода 1:3. Додадете сол во водата и варете 15 минути, а потоа оставете да се излади.

За тоа време исецкајте го зелениот листест зеленчук па пропржете го на три лажици масло. Посолете, додадете ги зачините, налијте 100 милилитри вода и динстајте пет минути. Измешајте со просото и изедначете ја смесата.

Во една чаша ставете минерална вода и три лажици масло. Со оваа смеса премачкувајте ја секоја кора. Ставете фил и виткајте ролни.

Печете 20 минути на 200 степени. Печената пита попрскајте ја со ладна вода и покријте ја со крпа. Нека отстои така половина час.

Слични објави

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.
Се вчитува....