7.8 C
Скопје
23:31 - 18 октомври, 2026

Пенест чоколаден колач кој не се пече (РЕЦЕПТ)

Рецепт за нежен, воздушест и пенест десерт со богат чоколаден вкус.

Потребни состојки:

100 гр шеќер
Три лажички какао во прав
Три лажички пудинг од чоколадо
370 мл свежи млеко
250 мл слатка павлака
100 гр млечна чоколада

Подготовка:

Измешајте ги сувите состојки. Потоа полека додавајте млеко и слатка павлака и убаво измешајте. Процедете ја смесата во тенџере и варете на умерена температура со постојано мешање.

Во смесата додадете го и чоколадото и мешајте додека да згусне, но не да зоврие.

Претурете ја смесата во обложена тава и оставете да се излади во фрижидер околу 12 часа.

Можете да декорирате со какао или со растопено темно чоколадо. Откако ќе се излади, со топол нож исечете го колачот на парчиња.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....