32.8 C
Скопје
15:26 - 8 септември, 2026

Направете совршен салеп со цимет – совршен сојузник против кашлицата

Порано салепот го наоѓавме и во чиста форма. Денес пак, сè почесто го наоѓаме во други варијанти и добиен од други билки, но ако веќе не може поинаку, тогаш одберете го салепот во прав.

При изборот, внимавајте производителот сепак да биде од Турција.

А, еве како се подготвува овој пијалак:

4 филџани млеко
1 филџан шеќер
1 голема лажица салеп во прав
1 кафена лажичка цимет.

Шеќерот и салепот во прав се мешаат, а потоа се додава студеното млеко. Смесата треба добро да се измати со миксер за да се растопат сите „грутки„ од шеќерот и правот. Потоа ,ставете ја смесата да зоврие. Откога ќе зоврие, намалете ја температурата на ринглата и продолжете да варите со постојано мешање сè додека не добиете густа смеса.

Салепот е најдобар кога е густ, но внимавајте да остане во течна состојба. Сварениот салеп се сервира во филџан и потоа се наросува со цимет.

Не само што е вкусен, салепот има многу лековити моќи, го прочистува грлото, ги смирува дишните патишта и ја намалува или сосема отстранува кашлицата.

Слични објави

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо
Се вчитува....