04:28 - 8 ноември, 2026

Проблеми со летот: Познатата српска блогерка Зоранах се снимала во авион додека патниците „умирале“ од страв (ВИДЕО)

Најпознатата српска блогерка Зорана Јовановиќ или на Инстаграм позната како Зоранах (29) со јавноста сподели информација дека доживеала непријатност на летот за Италија.

Имено, како што таа раскажала, на патувањето за Италија посадата на авионот на патниците им сугерирала да ги користат маските со кислород, бидејќи настанале проблеми во летот.

Блогерката сето тоа го забележала со камера, а потоа објаснила дека во Милано требала да се сретне со босанската инфлуенсерка Лејла Хајровиќ, но поради непланирани околности, летот морал да се помести за неколку часа.

Познатата блогерка објаснила дека патниците биле во голема паника кога екипажот им соопштил дека имаат потешкотии со летот.

Сепак, по неколку минути кружење над Србија, авионот успешно слетал на белградскиот аеродром, а патниците неколку часа подоцна отпатувале за Милано.

Слични објави

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

(Фото) Ќеркичката на Филип Талески наполни четири години — роденденска прослава со „Мечињата со добро срце“

К.С.

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

(Фото) Цеце Николова вљубена и среќна на Кипар — ужива со саканиот Јане во Аја Напа

apostolova
Се вчитува....