20:37 - 8 ноември, 2026

(ВИДЕО) АГНЕСА ОРГАНЏИЕВА се пофали со ПОДАРОКОТ за 8 Март: Мини градина спакувана во една кутија!

Агнеса Органџиева има своја „армија“ од следбеници кои љубопитно го следат нејзиното секојдневние преку фотографиите кои ги објавува на својот инстаграм – профил. Многу мода, внимателно избрана козметика, луксузни подароци, како и фотографии од нејзиниот дом и моменти поминати со блиските пријатели и ќерките.


Органџиева е дама во вистинска смисла на зборот, жена која го негува своето тело, но и својот дух. По осумнаесет години брак со поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации – АЕК, Роберт Орданоски, Агнеса реши да стави крај на заедничкиот живот и да продолжи понатаму.

Денес, по повод  Меѓународниот ден на жената — светски празник што се одбележува секоја година на 8 март Органџиева на својот инстаграм – профил објави прекрасно видео.


Агнеса се пофали со луксузен цветен аранжман кој пристигнал на нејзина адреса. Микс од најубави цвеќиња и честитка по повод денешниот ден. Аранжманот изгледаше како цветна градина спакувана во една кутија.


„После жените, цвеќињата се најубавото нешто што Бог му го дал на светот“, е позната изрека која се спојува во едно на овој ден , а најсаканите жени во нашите животи по повод денешниот интернационален празник ги даруваме со цвеќе.

Агнеса покрај тоа што е успешна жена, е горда мајка на Вивиен и Тифани.

Слични објави

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо
Се вчитува....