06:53 - 12 август, 2026

Срамота на доделувањето на Оскарите: Гледачите лути бидејќи никој не се сети на Лук Пери

Ниту на овогодинешното доделување на Оскари работите не поминаа без пропусти, па оваа година во делот „ин мемориам“ беше изоставен Лук Пери.

Во сегментот преку кој Холивуд се сеќава на сите кои не напуштија во изминатата година, Академијата му оддаде почит најпрвo на оскаровецот и НБА легенда, Коби Брајант, кој почина пред две недели заедно со својата ќерка.

Во омажот беа прикажани актери, актерки и филмски добитници, а сите забележаа дека е изоставен Лук Пери, актерот кој со децении им беше омилен на тинејџерките, пренесува Мирор.

Пери почина на 4 март минатата година, откако доби мозочен удар.

На фактот дека Академијата „заборави“ на актерот, јавноста реагираше остро.

Неговата последна улога беше токму во филмот „Си беше еднаш во Холивуд“. Беше поталентиран од многу актуелни актери. Срамота е што не се сетија на него“, гласи само еден од коментарите на Твитер, во врска со овој пропуст.

Слични објави

Сашенка Тодоровска сподели детали за „Солунски патрдии“, претставата за Цанде и Фатима чии реплики се знаат наизуст до ден денес

Еспресо

Темната страна на култниот филм „Казабланка“: Снимањата биле ноќна мора поради однесувањето на еден до актерите

Еспресо

Тројански коњ во природна големина, импресивна актерска постава… Сè што можеби не сте знаеле за филмот „Одисеја“

Т.Ц.

(Видео) Рејчел Мекадамс уживаше во кафуле во Белград — што бара актерката во Србија?

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) – Како чоколадите на Жилиет Бинош во филмот „Чоколада“ ги омекнаа и најтврдокорните срца

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо
Се вчитува....