09:32 - 28 ноември, 2026

По долга битка со ракот, почина 38-годишната ѕвезда на филмот „You are next“

Актерот Николас Тучи, кој глумеше во филмот „You are next“ од 2011 година, почина на 38-годишна возраст, откако ја загуби битката со ракот. 

Тажната вест на социјалните мрежи ја објави неговиот татко, додавајќи дека Николас ја чувал болеста во тајност, со цел тоа да не влијае на неговата работа.

„Ник одлучи својата болест да ја задржи подалеку од јавноста, за да може да ги исполни своите професионални и уметнички соништа што е можно подолго. Во последната година од животот, Ник го работеше тоа што го најмногу го сакаше“, објави неговиот татко.

„На сите од филмот, телевизијата и од театарот им благодариме за охрабрувањето и поддршката. Благодарност и до оние кои уживаа во работата на Ник на екранот и на театарската сцена, затоа што тие го поттикнаа неговиот талент и го ценеа неговиот труд“, додаде таткото на Тучи.

Слични објави

(Фото) Новак Ѓоковиќ се појавува во новиот филм за Фокерови – ја дели сцената со Роберт де Ниро и други холивудски ѕвезди

Т.Ц.

(Видео) „Викенд на мртовци“ бил поголем кинохит во Скопје од „Кум“ и од филмовите со Лепа Брена: Игор Џамбазов сподели анегдоти од снимањето на култната македонска комедија

Еспресо

За Ноќта на вештерките — балкански хорор-филмови што ќе ве натераат да спиете со запалено светло

К.С.

Безвременската „Јовано, Јованке“ и Петре Прличко во „Солунските атентатори“ – сцена што не се заборава

Т.Ц.

Сашенка Тодоровска сподели детали за „Солунски патрдии“, претставата за Цанде и Фатима чии реплики се знаат наизуст до ден денес

Еспресо

Темната страна на култниот филм „Казабланка“: Снимањата биле ноќна мора поради однесувањето на еден до актерите

Еспресо
Се вчитува....