17.8 C
Скопје
09:28 - 2 мај, 2024

Украдено осуммесечно бебе во Панчево: Таткото прв забележал дека го нема, полиција пронајде количка покрај куќата

Драмата почнала околу седум часот вчера утро кога Жељко З. (28) и Јасмина Н. (35) го пријавија исчезнувањето на нивното осуммесечно бебе во полиција. Жената рекла дека бебето го нахранила околу 4 часот утрото, по што таа и сопругот продолжиле да спијат.

Жељко се разбудил во 7 часот и тогаш забележал дека го нема бебето ниту во креветчето ниту во куќата. Човекот веднаш пријавил во полиција. Во куќата е направен полициски увид, а родителите заминале на полиграфско тестирање, каде е утврдено дека ја зборуваат вистината и навистина не знаат каде им е детето и под кои околности исчезнало.

Во потрагата се вклучени сите расположливи сили. Неколку часа подоцна во соработка со граѓаните, конкретно со возач на автобус на една приградска линија, во близина на куќата каде живее двојката, бебето е пронајдено живо и здраво, во детска количка. Покрај количката во која било бебето, се наоѓало и 12 годишно девојче М.О. кое питачело по улиците.

Девојчето во неформалниот разговор во полиција признало дека во 5 и 30 часот влегло незабележано во домот и го украло бебето. Наводно таа тоа го направила зошто сестра ѝ се наоѓала во старателско семејство, а сакала да има бебе.

За настанот се известени Центарот за социјална работа и надлежното Вишо јавно обвинителство во Панчево.

The post Украдено осуммесечно бебе во Панчево: Таткото прв забележал дека го нема, полиција пронајде количка покрај куќата appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....