15:26 - 15 ноември, 2026

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Сите оние кои сакаат да набљудуваат небесни спектакли оваа недела ќе имаат единствена можност да ја набљудуваат кометата Нишимура, која поминува покрај Земјата еднаш во 435 години.

Новооткриената светла комета вечерва на 12 септември ќе го осветли небото на северната хемисфера на Земјата.

Зелената комета C/2023 P1 е откриена пред еден месец, а случајно ја забележал јапонскиот аматерски астроном Хидео Нишимура, по кого кометата го добила името.

Денеска кометата е најблиску до Земјата и ќе прелета покрај неа со брзина од 386.242 километри на час, а можела да се види веќе на 10 септември, во раните утрински часови, непосредно пред зори.

Најдобро време да се види кометата е непосредно пред зори, помеѓу 4 и 6 часот наутро, а се наоѓа во североисточниот дел на небото, во близина на Венера и на оддалеченост од 125 милиони километри над нас.

Кометата ќе стане посветла кога ќе се приближи до Сонцето, но ќе се спушти пониско на небото, што ќе го отежне гледањето со голо око, па затоа се препорачува да се користи двоглед.

Кометата ќе ја достигне својата најблиска точка до Сонцето (поблиску од Меркур) околу 17 септември пред да го напушти Сончевиот систем, а астрономите мислат дека најверојатно ќе го преживее своето патување околу Сонцето.

Така, оваа недела е последната шанса да ја набљудувате кометата пред да биде затемнета од сончевиот сјај. Ако го преживее своето патување околу Сонцето, би требало да биде видливо на јужната хемисфера до крајот на септември, ниско на хоризонтот во вечерниот самрак.

Слични објави

Тројна прослава во семејството на Кнез – И тој и ќерка му ќе прават свадба, а ова е третата посебна причина за славење

Еспресо

(Фото) „Камерите се гасат, ама нашата приказна допрва ќе се слушне!“ — заврши снимањето на филмот за Слаткаристика

К.С.

Пред да почне работната недела — пет навики што ќе ви помогнат да седите помалку на работа

К.С.

Сузана Манчиќ крие диплома од Правен факултет: „Татко ми беше новинар, мајка ми сопран, а сите беа зачудени што завршив на естрадата“

Е.А.

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.
Се вчитува....